Нашите мудри мисли и гласна смеа се прелеваат преку балконските саксии, па преку тивките покриви се спуштаат до долгиот булевар Вилшир, фаќаат кривина кај палмите и продолжуваат надесно кон блискиот океан, каде што умираат во бучните води на намќорот Пацифик.
„Бед инглиш“
од Дарко Митревски
(2008)
Тој беше пак тука во бучните солунски кафеани, тајни квартири, се весели во ресторанот Алхамбра, и штуро им ракоплеска на шансонерките од Пиколомини.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
Трубадурот остана на ранчот. Тука имаше мир, тишина и почит, какви што немаше најдено во бучните кампови на кралевите на добитокот.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
Гого со мерак си црташе на рапавата хартија со дебелиот молив, не чувствувајќи го зад себе повременото надгледување на професорот, па со жалење го остави новиот алат кога заврши часот и се прибра во бучниот интернат сиот потиштен што не стасал да направи она што можел а уште помалку она што го сакал.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
Таму ги моташе своите цигари од кафеава хартија, читаше од здодевната книжевност достапна на ранчот и си додаваше импровизации на песните од репертоарот кои ги пееше извонредно експертски на гитарата.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)