Но во Владиното соопштение има уште едно многу важно место: револуционерните комитети, според изразувањето на руската влада, сакаат да создадат “Бугарска Македонија”, а Русија, за којашто се блиски и интересите на другите христијански народности во Македонија, не може да ги жртвува нивните интереси за Бугарите.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
Константин З заработуваше добро, воедно бележејќи и солиден раст по стрмната хиерархија на мемлосаната, веќе пристарена администрација во неговото министерство, навивајќи со сета сила за оние министри- президенти што на најистакнатото место во владиниот кабинет се менуваа, понекогаш со вртоглаво темпо, и коишто во помладите како него гледаа нова енергија погодна за какво-такво освежување во стариот бирократски поредок на државата воопшто и посебно на неговото министерство.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)