Помалку ќе бев изненаден ако се разбудев на Тибет или во некоја сибирска шума.
„Пупи Паф во Шумшул град“
од Славко Јаневски
(1996)
Освен тоа – поарно живи и голи, отколку во влакнести кожуви и мртви. Секако, секако...
„Пупи Паф во Шумшул град“
од Славко Јаневски
(1996)
И тој потем, сосема бавно, театрално, ја извади од својата фиока мојата песнарка на маса; на очите ми навреа солзи: делото на моите раце, единствениот примерок на мојата душа, оригиналот што ѝ го подарив на мојата Луција, сега се наоѓаше во влакнестите раце на Фискултурецот.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Истата соѕиданост во влакнестото тело, истиот рамнодушен подбив кон сѐ она што не е залак, истата упорна залепеност за тврдата почва по која се гази, со полунаведната глава, во потрага по храна.
„Слово за змијата“
од Александар Прокопиев
(1992)