Да скратам, постои ли машки геј-еквивалент на процесот на примарна социјализација?
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Како се пренесува и како се стекнува геј-културата, не само во возрасната доба, туку и во детството?
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Како е возможно процесот на социјализација во културната практика на хомосексуалноста да започне долго пред да созреат субјектите на акултурацијата доволно за да стапат во машките геј-заедници и да учествуваат во општествените размени на машкиот геј-живот?
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Што ќе објасни како протогеј-субјектите се здобиваат со геј-култура речиси како да им е мајчин јазик, како да им е навистина домородна култура?
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Летото не се шегуваше, безмилосно ни ја нудеше слободата за подоцна, кога се најдовме на невидливиот раб, одеднаш да се претвориме во возрасни.
„Исчезнување“
од Ташко Георгиевски
(1998)
Најпосле се случи: неизбежниот, долго одложуван климакс на младешките револуции.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)
Тимоти Лири НОВА РАСА Memis: Само-реплицирачки идеи кои се шират меѓу хуманата популација, предизвикувајќи културални мутации. Neoteny: (1) Достигнување на напредна функционална зрелост уште во стадиумот на ларва; (2) задржување на оптималните за опстанок ларвични или недозреани карактеристики во возрасниот период, одбивање да се престане со растењето, проширување на развојниот период.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)
За кусо време како да направи голем скок во годините: како одеднаш да премина од дете во возрасен: доби сериозен изглед и држење, гласот му се здебели, започна да се дотерува, да си ја пегла и уредува облеката, да стои почесто пред огледалото, да си ја чешла и дотерува косата, да ги посматра меките, нежни влакненца на мустаќите што започнуваа да му растат.
„Јанsа“
од Јован Стрезовски
(1986)