Сега беше сосема сам во глувата куќа.
„Било едно дете“
од Глигор Поповски
(1959)
Го слушав јас тапото чукање на своето срце и гребењето на дивите ѕверови по мојава сирота душа, во тие далечни нежни години.
„Жонглирање со животот во слободен пад“
од Сара Трајковска
(2012)
Некогаш сите бевме деца. Деца кои беа заборавени во полноќната тишина, во темнината научивме да гледаме, а и да слушаме во глувите тишини.
„Жонглирање со животот во слободен пад“
од Сара Трајковска
(2012)
И наеднаш во глувата тишина на денот врз дворот почнува да јачи громот ослободен од летните окови на жегата.
„Липа“
од Матеја Матевски
(1980)
А зборот тежи како боска во глува несоница.
„Липа“
од Матеја Матевски
(1980)
Пресекна водата по урнатите греди по долот камењето лута во глув губиден.
„Липа“
од Матеја Матевски
(1980)
Дождот ја нападна земјата како армија што се прикрадува во непријателска територија во глува доба на ноќта, така што, кога ќе се разбудат жителите, ќе се најдат под оваа окупација.
„Невестата на доселеникот“
од Стојан Христов
(2010)
И поитав кон одајата на Филозофот, но за да дојдам до неа, требаше да поминам крај одајата на Лествичникот, пречка несовладива да минам, оти тој старешина беше и можеше секој миг да излезе од одајата своја и да ме праша каде одам во глуво доба и какви сојузи склучувам со нечестивиот; можеше да ме накодоши за сојуз со рогатиот кај логотетот, и главата да ми ја отстрани од раменици, ако се случеше тоа.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Како да се најдов пред жртва во глувото балканско време, решена да ме доразбере, да ме дослуша докрај.
„Потрага по Елен Лејбовиц“
од Луан Старова
(2008)
- А тој, стриче Лентен, - некое дете праша липајќи. Чичкото Лентен тогаш замолчуваше подолго; чудно изгледаше тоа мало човече во тој приквечерен час, среде децата, во пустиот, во глувиот дом.
„Големата вода“
од Живко Чинго
(1984)
Глеј само како му слабее чекорот Како му истечува времето И како исчезнува во сопственото ехо во глувата пештера на сеќавањето.
„Посегање по чудесното“
од Србо Ивановски
(2008)
на дуњава има многу дупки: дупки во времето дупки на патиштата (кон посветла иднина) дупки во умот и помнењето дупки во историјата дупки на кофите дупки во самите дупки во дупнатите дупки секој глас мигум исчезнува нема довикување, нема ехо нема навивање за нашите нема паради на гордоста нема врескање во маалата нема лелекања во градските населби ги нема ни паролите на пролетерите од сите земји дупнатите дупки се царство на глувотијата, мавзолеј во изградба на глувата глувотија во глувите дупки оглувуват деца пред да вкусат кисела зелка а старците веќе одамна оглувнати го трпат неизбежниот пораз што пред да пропаднат во глувите дупки им го претставуваа како живот некои старци сакаат да им пукне бојлерот додека се тушираат арно ама во глувите дупки и бојлерите експлодираат глуво и на тој начин го даваат својот придонес во размножувањето на општата глувотија во која старците загинуваат од глуви експлозии.
„Светилничар“
од Ристо Лазаров
(2013)
потем се наслутува сѐ почесто
во глувиот ноќен јасник како слана
(во споредба со неа, снегот е мек и топол,
Господине)
во забраната да се верува
во чувствувањето срам да се признае
мечтаењето по неа и скришното вљубување
во зазорот и распрашувањето
за смислата на животот
(најдолгите чудења се загушени од банални спреги)
во сѐ поприсните признаци од сонот
- таму кајшто живееме однапред, повторно
и можеби безгранично,
таму кајшто времето не се мери
со просторни величини
и кајшто, конечно, не се дели
иако, да признаеме
навиката да живееме раздвоено нѐ збунува
сега едно-по-друго се подготвуваме да заспиеме
да ја избереме спалната, креветот
да постелеме нови чаршафи
само за една, за наша употреба
купуваме ноќници за истата прилика
се тревожиме од наглите отворања на вратата
низ којашто проблеснува вселената
сѐ до неиздржливата глад по Неа.
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)
Некогаш ќе ме види и Уља, ама се плаши да ме праша што правам во глуво време, надвор.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)