Впрочем, Никола се сметал за ктитор, та бил сигурен дека ќе биде закопан до олтарот, каде што неколку години пред тоа бил закопан еден член од семејството Поцо, свештеникот Горѓија, “Георгиа Иереј“, кој бил во добри односи со Никола и кој свештеникувал кусо време, бидејќи се разболел и рано умрел.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
„Значи“, објасни Пере, „ти и жена ти Агна божем не сте биле во добри односи.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
(...) Да не мислиш на неможноста со сигурност да се излезе еднаш засекогаш од вителот на семејните трауми, „вини на предците“ и закоравените предрасуди, како во добар дел од расказите?
„Вител во Витлеем“
од Марта Маркоска
(2010)
Членовите на семејството на Праведникот тоа го сфатија како знак на голема надеж ветена од небото, верувајќи во добар исход дури и кога по неколку месеци, ги натоварија во воз за концентрационите логори.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
Борис подрипна од местото: — Во добар час дојде, момче, Седни, седни одмори се.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
— Слушнавте? — им се обрна Борис на другарите. — Одлична идеја ни даде момчево.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Романизираните староседелците (Тракијци, Илири, Македонци, елински племиња и Келти) во добар дел биле доминирани од Словените, а биле извршени коренити промени и во топонимијата на Балканот.
„Џебна историја на македонскиот народ“
од Група автори
(2009)
Ниту во доброто јадење, ниту во добриот филм, ниту во светлиот сончев ден, во ништо, па дури ниту во добро завршената работа, која порано му причинуваше големо задоволство, не уживаше ако не ги споделеше со Рози.
„Невестата на доселеникот“
од Стојан Христов
(2010)
„Тогаш во што е? Во добрата желба?“
„Човекот во сина облека“
од Мето Јовановски
(2011)
Јас и ден-денес мислам дека за сѐ што се случи и што не се случи меѓу мене и Луција сум виновен, во добар дел и јас.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
За нејзината одлука дознав неодамна.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Очигледно беше дека одамна го донела решението и дека самата е уверена во добриот избор.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
На добрата забава и во добрата дрег-претстава идеално ќе има и убави младичи и кампести кралици.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Најпосле, откриваа повеќе настрани можности во преработката и во пресоздавањето на негеј-материјалот, а со тоа и негова поширока примена, отколку што откриваа во добрите геј-сочиненија.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Комплементарноста на двете улоги е најупадлива кога, како што обично бидува, кралицата го држи вниманието на својата публика така што ги коментира (не секогаш пофално) „убавината“ и стратегиите на тие што се обидуваат таа вечер да ја освојат наклонетоста на „убавецот“.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Подот послан со рендани штици и покриен со рачно исткаен килим – во добрите времиња на заедничко верување - подарок од Тито.
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
Чувствуваа дека се нашле во добри раце.
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
Другата мајка, ако се реши татко ти пак да се ожени, како таа што ве родила нема да може да стане, но може пак да биде многу добра и да ја засакате, зашто ќе ве гледа, ќе ве подига во добри луѓе.
„Друга мајка“
од Драгица Најческа
(1979)
Револуцијата нѐ компромитира пред нашата влада и не нѐ претстави во добра боја пред европскиот свет.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
Така, тие ќе расудуваат: ако една Канада може да ѝ се лути на Англија затоа што последнава, за да си биде во добри односи со Сев- Американските Соединети Држави, им ги пожртвувала ним интересите на Канада и последнава сега сака да се ослободи од Англија и сама да си ги брани своите државни интереси, зашто подобро си ги разбирала, – тогаш зошто Македонија да не ѝ се лути на Бугарија затоа што таа не може да ги брани македонските интереси, ами само ги експлоатира нив, и зошто Македонија да не рече: Јас пролевав крв од мои синови, нека ги бранат моите интереси тие самите, а не твои Начович, Цоков, Станчев итн.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
На тоа прашање јас одговорив кога зборував погоре за борбата со пропагандите и за поставување на нашиот народ во добри односи спрема сите македонски народности.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
Бидејќи седумдесетите и во добар дел шеесетите веќе ги апсолвирале, едните одат уште подлабоко, кон откривањето на базичниот фолц и country, а другите прават невидена синтеза со новокомпонираната country сцена.
„МАРГИНА бр. 1“
(1994)
Ми се чини дека би можело да се каже дека хипертекстот и хиперлитературата во добар дел се токму практично остварување на постмодернистичките теориски разгледувања, што, патем речено, до сега, освен ретки исклучоци, беше само желба а не и стварност.
„МАРГИНА бр. 1“
(1994)
Еден ден наоѓајќи го во добрите, му се обрати на Ѓорѓе.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Но, за жал, и самиот беше свесен дека одговорите лежат само во добрата волја на Рада.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Ако е мала утеха за твојата болка и двете деца се сместени во добри семејства. Толку од мене, дете мое.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Синот ти е во добри раце...“
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Синот ти се вика Виктор и е во добри раце.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Ако, сепак, се прашувам јас, овој стариов со трпениево нема да го надживее младиот, кого секогаш можеш да го сретнеш повторно потаму во животот, како во песната „Остала си увек иста“, па остани во добри односи со него кога ќе се разидете и можеш да го имаш во резерва, тукуречи златна.
„И ѓаволот чита пРада“
од Рада Петрушева
(2013)
Немаа некакво политичко искуство, а не беа нешто посебно и образовани, но повеќето од нив имаа здрава селска памет која јасно им зборуваше дека владеењето на Стојан не ја води земјата во добар правец.
„Браќата на Александар“
од Константин Петровски
(2013)
Еден ден, таму некаде во добрите стари времиња кога имав девет години а светот беше полн величествености од секаков вид што може да се замислат и животот сè уште беше прекрасен и таинствен сон, братучед ми Мурад, кого го сметаа за глупав сите што го знаеја, освен јас, дојде во мојата куќа во четири часот изутрина и ме разбуди со тропање на прозорецот од мојата соба. –Арам, – рече тој.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
Братучед ми Мурад седеше на убав, бел коњ.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
Не е тоа дека тој се задржува, бидејќи бев во можност по неговата сребрена трага да се уверам како својот од го продолжува и оди во добар правец, иако тоа за него значи качување и симнување низ безброј ѕидови или преминување преку цела фабрика за макарони.
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)
Така знаеја дека нивната најголема храброст лежеше во добрата и однапред испланирана акција, а нивната најголема слабост во потребата за апсолутна контрола над текот на истата.
„Ниска латентна револуција“
од Фросина Наумовска
(2010)
Тој ја праша дали размислува да работи, бидејќи има завршено Радничка школа, на што таа рече дека нејзината фамилија очекува дека таа ќе се омажи во добра фамилија, па ќе нема потреба да работи.
„Белиот јоргован“
од Хајди Елзесер
(2012)
Од друга страна, некои од нив изгледаше како да се во добри односи со чуварите, им се обраќаа со прекари и се обидуваа да добијат некоја цигара низ шпионката на вратата.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Значи не се во добри односи ни со новата снаа?
„Омраза - длабоко“
од Драгица Најческа
(1998)
Заблудата може да се исправи, грешката може да се окае, наивната намера може да се претвори во добро дело...
„Бед инглиш“
од Дарко Митревски
(2008)
Отсекогаш беа во добри односи со рисјанското население.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
Татко чувствуваше дека ќе може да му ја довери на овој град судбината на своето семејство, посебно на неговите деца кои овде можеа да учат во добри училишта, а со надеж дека, еден ден, ќе се кренат и границите што го делеа од неговиот народ.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
Но самиот Дерида го користи јазикот за да ги изрази своите гледишта, така што ние можеме неговите гледишта да ги примениме врз неговите сопствени списи.
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
Дерида тврди дека Русо е присилен да признае, И покрај неговата изложена теза, дека пишувањето е апсолутно неопходен суплемент на говорот; со тоа на пишувањето му се допушта да биде од поголема важност.
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
Како неразрешлив во оваа расправа се покажува концептот за суплемент, што ја опишува поврзаноста помеѓу говорот И пишувањето но кој што, во добар хегеловски стил, значи и замена’ и дополнување’, на тој начин уништувајќи секаква јасна спротивност помеѓу говорот И пишувањето. okno.mk | Margina #11-12 [1994] 61 4.
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
Ако е пак во добро расположение, ќе почне да бара низ фиоките и јас тогаш ќе го искористам моментот и убаво ќе разгледам што учи.
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)