Кога пак ќе земеше Калија, например, да утлеисува, да го разгорува ќумурот во железната утија: или кога ја креваше жешката црепна вадејќи го врз пирустијата табакот со зелник: кога ќе се забревташе толчејќи со ќускијата слануток: или кога ќе се наведнеше полека и растреперено врз ковчегот со невестинската руба во кој сѐ уште имаше дел од чеизот, е тогаш, Бошко гледаше како шафранот од нејзиното лице станува божур, а белузлавите очи како трчаат од далечина и почнуваат да светат како жеравици.
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)
Ја спакувале во железен ковчег, херметички затворен, и ја донеле ваму, во Потковицава, за да ја закопаат на родителските гробишта, таква била нејзината претсмртна желба.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Мртовецот, затворен во железен ковчег, на раце го пренесоа низ населбата, а таму, на гробиштата, го закопаа некако чудно, нехристијански, без камбана и без свештеник, сам Тоде го опеја.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Старецот се сеќаваше на тоа, на таа ноќ пред шест децении, кога иташе низ сините ритчиња во железната долина со полн камион машини и апарати, сиот среќен, свиркајќи возбудено.
„Лек против меланхолија“
од Реј Бредбери
(1994)
Високо над нас орелот ќе полета патот следете го негов! наспроти силните туѓи војски ние сме лавови во железен оклоп!
„Еп на Александар Македонски“
од Радојка Трајанова
(2006)
Впрочем, партијата сѐ уште не сакаше да се меша во козјото прашање, а и немаше директиви за акција од републичкото раководство, макар што козјото досие од ден на ден стануваше сѐ подебело и се чуваше во железната каса во кабинетот на секретарот на градскиот комитет.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)