Во таков случај репресалиите на Германците ќе го ставеа во ризик целиот остров.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
Но, денес кога наидов на текстот на Теди Москов, театарски режисер од бугарска провиниенција „Среќна случајност“, почнав и самиот да подавам интерес за тоа дали сентенцата на Фелини „Случајноста е другото име на Бога“ е она кон кое треба да се приклониме кога зборуваме за настаните во животната стварност.
„Календар за годините што поминале“
од Трајче Кацаров
(2012)
Лука Карер знаеше дека нивниот потег е многу ризичен и дека во животна опасност ги вовлекува и семејствата на оние чесни луѓе што прифатија под својот кров да ги примат прогонетите сограѓани.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
Дозволи ми семето од цвеќиња што го посеа да го изникнам, нотите во песна да ги претворам, зборовите во животна приказна.
„Од дното на душата“
од Александра Велинова
(2012)