Дали тоа значи дека секој од нас има свој сопствен, строго определен пат низ животот, и тој наш пат само навидум се приближува, се среќава па дури и вкрстува со патиштата на нашите блиски?
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
А Живко, кој пиеше и јадеше барабар со татка си, се прибираше во себе, смислувајќи ја во главата ако веќе не му беше запишана во тетратката, својата нова приказна така испроверена до вистинитост во измислената Пасквелија.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
Македонија е школски пример за фантастика
- за премин од едно на друго рамниште
на раскажување;
- за премин од реалниот во измислениот свет
- за губење на границите.
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)
Определувајќи се за прошетка на непостоечки суштества во измислени времиња и предели таа сметаше дека ме заштитува од грдите привиденија со кои можеби имаше и поблиски средби но не беше спремна да зборува за нив плашејќи се дека може случајно и премногу да ми ги приближи.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Ја проповедаа кралевите и аристократијата, но и нивните паразити, како што се свештенството, адвокатите и слични на нив, а беше ублажувана со ветувања за надомест во измислениот живот од другата страна на гробот.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)