Во камионите клечеа мали жолти луѓе во износени зелени униформи, збиени еден до друг.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Прв одеше и екипата ја водеше снимателот, во износени гојзерици и голф - панталони; од рацете не го испушташе пусулчето, во кое му беа забележани пунктовите што му ги беше издиктирал режисерот за денешното снимање; а на вратот му висеа и се клатеа, на одделни предени врвки, зухерот и светломерот, како две амајлии.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
Потоа, сосем едноставно и разбирливо за сфаќањето на зениците, без лутење без отпор, без несебичност, светкавиот челик до дршка се забуца во износената ленена кошула.
„Две Марии“
од Славко Јаневски
(1956)
Не згреши ни тогаш, додека уште беше само сиромашен студент во износена тексас јакна, претенка за студената скопска есен.
„На пат кон Дамаск“
од Елизабета Баковска
(2006)