Фразата „компајлирање во интерен код” е само себеисполнувачка фантазија, бидејќи доказниот материјал, ако не е арбитрарно исклучен од игра, покажува дека меморизирањето на кодови и правила и изведувањето на со правила регулирана манипулација со симболи, едноставно не се доволни да ги дадат овие мистериозни ефекти, иако тие се доволни да дадат совршено исправно имплементирање. (А ефектите мора да бидат навистина мистериозни за да се справат со роботичкиот предизвик (deixis) за делување врз светот ( како со прашањето за левиот xеб на панталоните); на крај, Тјуринговиот тест (ТТ) е само симболи-во/симболи вон процедура, со оглед на тоа што штотуку привиканата „деиктичка” моќ би имала потреба од симболичко втемелување.
„МАРГИНА бр. 3“
(1994)