Во искрена доверба, и покрај позицијата во која се наоѓаше, за разлика од „оперативецот” Х.Х., другите анонимни водичи, тој навистина имаше поголема власт и тоа го покажуваше во односите со луѓето.
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
Александар весело климна со главата и самиот се изненади кога устата му се развлече во искрена насмевка.
„Браќата на Александар“
од Константин Петровски
(2013)
Оттука, целосно е оправдан работничкиот сомнеж во искрените намери на бирократизираните синдикални раководства, кои облечени во свечени костуми и вратоврски милуваат, особено предизборно, да се фотографираат со владините функционери. 300
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Драги Владо - пишуваше во писменцето што го придружуваше извештајот - само Јана го викаше Владо и тоа во искрени разговори додека само двајца одеа или се враќаа од училиште.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“
од Бистрица Миркуловска
(2001)
Ова навистина се битни прашања кои заслужуваат сериозно внимание и за кои е неопходно, во блиска иднина, заедно со работниците и нивните синдикални „ќелии“, здруженија или неформални групи да поработиме на т.н. синдикално образование, односно на работничка трудовоправна едукација преку разни форми кои ќе ги оцениме како погодни (перманентни предавања, серија трибини, периодични семинари, кампови, школи; како и преку книги, брошури, флаери, списанија и сл.).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Фарук Кадуми како по обичај ме прими во својот министерски кабинет.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Понатаму, на многумина од нив не им беше сфатливо како тоа со колективниот договор може да се утврдуваат поголеми права од законските, а со индивидуалниот договор за вработување не може да се утврдуваат помали права од законски загарантираните; или, дека работниците можат да иницираат [стечајна] постапка за престанок на правното лице во кое работат - доколку работодавачот, три месеци едноподруго, не им исплатува плати и придонеси...
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Останавме во искрени, доверливи пријателски односи.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)