Сакав како некогаш тој во силните и големи империи, да дојдам до вистината за владетелите, до кои животот како дипломат ме доближи во клучни моменти, да ја доразберам човековата суштина.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Фрлање од високо не доаѓаше предвид, бидејќи од високо ѝ се вртеше, а би било глупаво, кога веќе свесно експериментира со сопствената смрт, во клучниот миг да ја фати несвестица.
„Сонце во тегла“
од Илина Јакимовска
(2009)
Феникс се раѓа само еднаш, во случајот на Арафат тоа ќе биде повеќепати...
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
XXIX Историските личности се создаваат во долг временски процес, во пресрет и вкрстување на бројни околности и противречности, така што нивната блескотна појава во клучни моменти во историјата останува целосна енигма.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Тврдеше дека човекот и човештвото, макар во клучни периоди, особено во војни и глад, беа крајно неблагодарни кон козата.
„Потрага по Елен Лејбовиц“
од Луан Старова
(2008)
Големиот број гарнизони на освоените територии во клучните зони барале реорганизирање на војската.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Беше постојан предизвик за мене кој се засилуваше во клучните периоди на мојот живот.
„Тврдина од пепел“
од Луан Старова
(2002)
И зошто навистина не ја силував Луција онаа ноќ? (Таа, всушност, лукава како и секоја жена, ме измами, ме надмудри, оти навреме се предаде: јас само сакав да ја силувам, да покажам извесна надмоќ над неа, како одговор на нејзината партиска декларираност; но таа тоа го сети и во клучниот момент се предаде, да ми го оневозможи тоа задоволство, затоа што Партијата, општеството, нацијата и семејството ја научиле дека е недостојно некој да те силува; така таа, со тоа што се предаде, најде алиби за силувањето, и сакаше скандалот што долго го планирав, да го претвори во регуларен сексуален однос; тука пак, јас киксирав, оти се исплашив од она нејзино ненадејно движење).
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)