Чанга беше чест јунак во кратките вести.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Тогаш Филип имаше тринаесет години.
„Ласа“
од Наташа Димитриевска Кривошеев
(2011)
-Многу ми е жал што морам јас да ти соопштам дека пред неколку минути вујко ти почина, ми рече тогашниот државен секретар за здравство во краткиот телефонски разговор.
„Ласа“
од Наташа Димитриевска Кривошеев
(2011)
Во 1978-та година, во краткиот додаток на собраните дела од Louvain Колоквиумот одржан 1976-та година, на тема Литературата и Преводот, Andre Lefevere предложи името Translation Studies да биде усвоено за научна дисциплина која ќе се занимава со „проблемите кои произлегоа од зголемената продукција и дескрипција на преведувањето“.
„МАРГИНА бр. 8-9“
(1994)
Или си приказна кусовечна ко тие кругови небо во краток миг заробени во спокојот на водите?
„Посегање по чудесното“
од Србо Ивановски
(2008)
“117
Стереотипот не мора да ви биде општо валиден за да содржи некаква вистинитост.118 Проблемот е што и онаа вистина што ја содржи ни е достапна, вели Милер, „само во краткиот спој на шегата“ (66).
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Неговата поранешна жена седеше од другата страна на преминот меѓу клупите, до својот сегашен маж.
„На пат кон Дамаск“
од Елизабета Баковска
(2006)
Солзите не можеше да ѝ ги види, ѝ го гледаше само профилот, подбрадокот што го пуштила во текот на овие години и побелената коса која никогаш не ја обои, стокмена во кратка и уредна фризура, направена специјално за венчавката.
„На пат кон Дамаск“
од Елизабета Баковска
(2006)
„Не“, му се колнев; се плашев од проклетото сечење на жилата помеѓу веѓите. „Ништо не ми е. Здрав сум.“
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Пропаѓав во кратки соништа, оние што немаа ни почеток ни крај.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Во кратки црти ја кажа и биографијата.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Томо во кратки црти се претстави, по што следуваше она вообичаено прашање на секое воено лице.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Животниот век на моите планови се смалуваше толку брзо што на крајот тие се претворија во кратки, мимолетни мисли што не можев дури и никому да му ги објаснам, затоа што не ми беа јасни ни мене.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
Единствено со децата лесно излегувам на крај, се чини дека од стрико ми Ото сум ја наследил само таа позитивна особина.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
Во секоја културна и јазична средина се јавува потребата, во кратки временски растојанија (интервали), да се обновуваат постојните изданија и да се подготвуваат нови, селективни и авторски, избори од светскиот расказ.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
Сето тоа сплотено во краток симпатичен фото филм.
„Читај ми ги мислите“
од Ивана Иванова Канго
(2012)
Но тие, всушност, ја ширеа смислата на овој збор подалеку од местото што му беше одредено во кратките и штури толкувања во речниците на балканските и другите народи.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Во литературата експресионизмот остави мошне снажни траги пред сé во поезијата (Георг Тракл, Георг Хајм, Јакоб ван Ходис...), потоа во кратката проза, а најмалку, се чини, во романот.
„МАРГИНА бр. 36“
(1997)
Предизвикани од шаолинските звуци што ги испушта Мистер Том, од соседниот стан излегува цела една кинеска колонија: прв ѕирнува младиот даночен инспектор Џианхонг, а по него и неговите стари родители (кои веќе шести месец глумат дека се дојдени во кратка, викенд-посета на синот во Америка).
„Бед инглиш“
од Дарко Митревски
(2008)
На времето дошол во кратка посета на Америка и останал до ден денешен.
„Бед инглиш“
од Дарко Митревски
(2008)
Габриела Мистрал Фабулата веќе не е важна, Сѐ е кулминација во краткиот живот.
„Забранета книга“
од Веле Смилевски
(2011)
И покрај штотуку завршената прва година средно, таа изгледа сосема немалолетнички, со што ме убедува дека веројатно ќе се јави уште утредента наутро, и ќе продолжи да ми ѕвони упорно, во кратки интервали.
„Или“
од Александар Прокопиев
(1987)
Неделата попладне беше топло и пастор Рик намина, во кратки панталони, мајца без ракави, безбол капа и влечки, да го види Дејв.
„МАРГИНА бр. 34“
(1996)
Вметнување во кратките, забрзани ритми на движечкото светло.
„Младиот мајстор на играта“
од Александар Прокопиев
(1983)
Во кратките летни ноќи, лежејќи на рогозина врз калдрмата во дворот (дома не спиевме лете зашто не јадеа болвите) и загледана во безбројните ѕвезди што мижуркаа на небото кое од едната страна беше заградено со куќата, од другата со тремот за овците и до него фурната, па натаму од високиот ѕид што нѐ делеше од комшиите и од долната страна со високата порта и авлијата, си мислев: ете, уште малку и како што ми вети тате, ќе одам во Костур да учам за шивачка.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Тоа е еден специфичен вид на хумор, многу сличен на хуморот во кратките приказни на Рускиот писател Михаил Зошченко (1895 -1958).
„МАРГИНА бр. 10“
(1997)
Постојат различни нијанси на хумор; Зошченко користи една што многу ми се допаѓа, еден вид хумор кој ви помага да избегате од кафезот.
„МАРГИНА бр. 10“
(1997)