Од терасата на хотелот „Дуна“ се восхитував од убавините на тврдината на аласите и на Кралскиот дворец, во кој е сместена националната Уметничка галерија на Унгарија, уживав во ладните пијачки и, навикнат на секој чекор во Будимпешта да гледам убав, млад свет, не ме зарадува глетката на терасата која, буквално, беше окупирана од старици, облечени во шарени алишта, та дури смешни, и помислив - остарела Будимпешта.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
- Држејќи ја Рада за рака двајцата излегоа во ладната декемвриска ноќ, а штрокавата, која веќе беше зашеметена од моќта на алкохолот, тетеравејќи се, се врати на своето место.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Беше пладне, летна жега, а јас седев во ладната соба на столот, свиткан во колената и со поднаведната глава, како пред судии и поротници.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
Мачето, откако два - три пати му го покажав на Гаро и му дадов да го подушка стиснато во моите раце, почнавме да го пуштаме во дворот, а напладне тоа самото се прибираше дома, во ладниот трем.
„Братот“
од Димитар Башевски
(2007)
Над секоја чинија се крева по една нестварна грмушка од пареа и се губи во ладниот воздух.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Пченицата се мие во ладна вода: низ две, низ три раце, што се вели, низ три води ќе ја поминеш.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Другата ноќ веќе одам слободна, што се вели, не се стегам, како во ладна вода.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Нозете му премрзнуваа од студ.
„Ласа“
од Наташа Димитриевска Кривошеев
(2011)
Во ладните скопски зими нѐ носеше на скопското лизгалиште на Кале.
„Ласа“
од Наташа Димитриевска Кривошеев
(2011)
Тогаш сè замре во ладна сива статика и бескрајна песна на вештачкиот јазик.
„МАРГИНА бр. 19-20“
(1995)
Беше есенска вечер, студеше, а јас зачитан седев крај огништето и со песните за Крали Марко ја шетав Стамболската чаршија, влегував во ладни меани, делев јуначки мегдани...
„Добри мои, добар ден“
од Глигор Поповски
(1983)
По првата реакција на “напнатост”, како ненамерна контракција на мускулите кога ќе се вкочанат во ладна вода, станав свесен за изостреноста на својата перцепција.
„МАРГИНА бр. 10“
(1997)
- Клај му ги во ладна вода прстите, вели Мисајле Ковачот, оти ќе го фати подноктица.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)