Дрвјата се протегале како лузни во лилавото сивило.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Ненадејниот полумрак ги завитка сите предмети во лилава таинственост а на Јана ѝ се стори дека во таа соба на татковата куќа е сѐ туѓо и непознато и дека од негде е донесена овде да се морничави и со зачуденост да гледа долу, на улица, како водата ги лока камењата на старата калдрма.
„Месечар“
од Славко Јаневски
(1959)
Земјата се стеснувала, завршувала, од сите страни ја стискала магла.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Спред едно старо предание во тие трски се крие џинеста птица, сета во лилави пердуви кон тоа и со име и презиме – Жеро Жерав.
„Пупи Паф во Шумшул град“
од Славко Јаневски
(1996)