Капка храброст за јуришање – на непријателските ровови и во моминските скутови.
„Три напред три назад“
од Јовица Ивановски
(2004)
Во зракот на зениците каранфил две години расте, во дното на срцето, умира се раѓа, но сепак жигосано суштество во моминска песна завиткано ко месечина во облак молкум се тркала во душата...
„Поетски блесок“
од Олга Наумовска
(2013)
Ѝ се чинеше небаре да се вратила не само во своето Браново туку и во моминските години, кај татко и мајка, дека пак е со браќа, сестри и другарки таму во селото крај Мало Езеро.
„Крстот камбаната знамето“
од Мето Јовановски
(1990)