Ако дознаете нешто за Чанга и за козите, веднаш јавете во најблиската милиционерска станица...
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
И така, Хана и Ханс отидоа на кафе во најблиската кафетерија.
„Вител во Витлеем“
од Марта Маркоска
(2010)
„СТОЈАДИН братчеди! Ме гледате како телиња. Не разбирате? Навистина кликерот не ви се тркала?“ - пушти крик како Тарзан и се фрли во најблиските гранки.
„Клучарчиња“
од Бистрица Миркуловска
(1992)
„Кој СТОЈАДИН?“ - го запрашавме вчудовидени.
„Клучарчиња“
од Бистрица Миркуловска
(1992)
Како што очекуваше Илија така и излезе.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Стражата и патролата знаеја каде е буризанот, а тој секогаш беше, или заедно со муљазимот или во најблиската куќа.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Зад темнината ги видовме браќата како прават плетенки од зборови и им објаснуваат на учениците како еден обичен словенски смртник може најбрзо да се искачи до зборот од зборот во најблискиот сон и од најблискиот во најдалечниот сон.
„Ситночекорка“
од Ристо Лазаров
(2012)
За да не цркнам како рис во кафез својата доза од интернет дрога морав да ја примам во најблиското и засмрдено од цигари интернет-кафе дружејќи се со копиљаците кои наместо да играат баскет и фудбал пред зграда, секојдневно ги вежбаат своите ратни вештини преку вечниот и неповторлив кантер страјк.
„Двоглед“
од Горан Јанкуловски
(2011)
Возбудата ја потсмирив во најблиското бистро.
„Тврдина од пепел“
од Луан Старова
(2002)
Откако се закрепна со јако кафе, во најблиската кафеана, продолжи кон Судот.
„Тврдина од пепел“
од Луан Старова
(2002)
Во Скопје има над триесет училишта и секој учи во најблиското.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
Утре ќе се запишам во најблиската детска градинка.
„Посегање по чудесното“
од Србо Ивановски
(2008)
Би можело да биде друга змија, која наеднаш би наишла, не би се влечела и вовлекла во најблиската дупка, туку бесшумно би се лизгала наоколу, или можеби би застанала и би ја кренала главата за да ги фиксира очите во тебе. И ти тогаш би знаел.
„Невестата на доселеникот“
од Стојан Христов
(2010)
Десет и дванаесет катници и повисоки – тоа е новиот лик на градот во најблиската околина на пристаништето.
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
Оваа рамница треба да биде новата градска плажа на која во најблиската иднина ќе се сончаат и пливаат не стотици, туку илјадници корисници. И ќе носат пари.
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
Заради издишка и краток одмор влеговме во најблиската кафеана.
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
Намерниците го внесоа во најблиската порта и некој поита да повика брза помош.
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
Меѓутоа, Милка ѝ се откинува од рацете и се спушта во најблиската фотелја.) На мажот ми му е нешто тешко. Се извинувам. Дојди подоцна.
„Црнила“
од Коле Чашуле
(1960)
ЛУКОВ: (Му приоѓа на Фезлиев, го растресува за јаката од палтото и го фрла во најблиската фотелја.)
„Црнила“
од Коле Чашуле
(1960)
Со очите го барам сонцето, се пулам и во него, како во најблизок човек.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Стрико ми Ото – претпоставувам дека беше совршено среќен додека иташе по скалите – потоа ќе влезеше во најблиската кафеана за да размисли за своите планови.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
Освен тоа, очигледно имаше потреба да пие сам.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
Имавме едно семејство во најблиско соседство, се сеќавам, кога си заминаа ни дадоа една убава печка, огледало во резба, големо, кревет и една хармоника детска.
„Три жени во три слики“
од Ленче Милошевска
(2000)
Ќе појдат прво во најблиското мариовско селце Чаниште.
„Калеш Анѓа“
од Стале Попов
(1958)
Се буткам во најблиската грмушка и внимателно зиркам низ гранките.
„Младиот мајстор на играта“
од Александар Прокопиев
(1983)
Неговата љубена во сонот беше ѕвезда што свети и грее, се разбира, ѕвезда во облик на мала топка сало. (Сонувајќи, Ќ не сфаќаше како таа не се топи од сопствената топлина.) Додека траеше сонот, Ќ го празнеше целиот фрижидер и потоа провалуваше во најблискиот фитнес-клуб за да трча на подвижна лента.
„Азбука и залутани записи“
од Иван Шопов
(2010)
Топката на С удри во прозорецот од нејзината врата и жената од страв се наведна; изгуби контрола врз автомобилот, удри во најблиската улична светилка и загина на лице место.
„Азбука и залутани записи“
од Иван Шопов
(2010)
Потоа оди во најблиската златара и купи ми некој убав венчален прстен. И купи го, не го заменувај за ѓерданот!
„Азбука и залутани записи“
од Иван Шопов
(2010)
Брзо ги однесоа во најблиската куќа да се пресоблечат и да се затоплат додека не се плевритосале.
„Крстот камбаната знамето“
од Мето Јовановски
(1990)
Нѐ слегоа и ќе нѐ праќаат во најблиското село.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)