во (предл.) - најдобар (прид.)

3 Приврзаниците на оваа правна школа акцентот 3.  Најзначајни претставници на јусреализмот се: бискупот Бенџамин Ходли (Benjamin Hoadly), Оливер Холмс (Oliver Wendel Holmes Jr.), Џон Греј (John Chipman Gray), Џером Френк (Jerome Frank) и др.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Никому нема да му ја продаваме, никого нема да го одбиеме и за никој нема да се двоумиме да ја пружиме –  правдата и правичноста. (Заклетва за должноста судија) Луцидната и прониклива римска идеја-водилка за примарното значење на тужбата како средство со кое се стигнува до целта, спомената во воведот на книгава, ќе ја споменеме и на крајов –  бидејќи таа, за среќа, повторно воскресна во правните научни кругови кон крајот на XIX век, под влијание на англо- саксонската и американската правна традиција, во правецот на познатите т.н. правни реалисти. 
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Костадиновска работеше на позицијата градежен техничар. Претпријатието во кое таа беше во редовен работен однос функционира во градежниот сектор и се занимава со извршување на градежно-занаетчиски работи.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Во најдобрите времиња на фирмата, додека сѐ уште беше во општествена сопственост, таа броеше и до 50-на вработени.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Оти законите што ги носи државата сѐ уште не претставуваат ‘право’ – туку, во најдобар случај, тие се само ‘извори на правото’ [fontes iuris].
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Во текот на 90-тите години фирмата се приватизираше и оттогаш е во приватна сопственост.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Во најдобар ред. Под контрола. Без стресови. Без проблеми.
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
И епилогот за Анѓа, и за многу Анѓи е да добие, во најдобар случај, бесплатен билет да се врати назад.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Зад него, исчекорувајќи од длабочината се појавува Давид Давидовиќ одамна заминатиот маж на Бенвениста и застанува, како што личи во оваа пригода, покрај пресреќната сопруга, онаков каков што го знаеа во најдобрите денови, само сега со свечен и светнат израз на лицето.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
На усните ѝ се чита нечујното прашање „дојде ли”, на кое Давид Давидовиќ одговара со насмевнато воздржано повеќекратно кимање.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
На ова место тука примерно е чувството на вина, без право на живот, и оттаму чувството дека во најдобар случај, има право на мртов живот.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
3. Етички вредности се воведени во игра, во ситуација која што, во најдобар случај, е невкусна шега.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Чинам дека најважна функција на сите овие операции е: создавање и одржување, во семејството, на И кое е, во најдобар случај пожелно, а во најлош толерирано од самото семејството.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Сега почнуваме да согледуваме дека ние самите во природата сме го проектирале тој математички поредок и дека природните закони не сме ги откриле туку Margina #26-28 [1995] | okno.mk 93 во најдобар случај одново сме ги откриле.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Загатките без можност за решение, значи загатките во кои ништо не е сокриено повеќе од самите загадочни чувства, таквите загатки во најдобар случај им соодветствуваат на игрите со сенки со заборавените форми на загатки, игри во премногу доброќудните сеновити градини на историјата, игрите на сенки во сенка.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Со тоа пусулче в рака, Баге тргна од редакцијата на пробна работа како кандидат за новинар или во најдобар случај како приправник.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Да одат на бригадирски казан, не што им беше под ниво колку што секогаш кога ќе се делеше храната тие ќе беа некаде на терен, а во најдобар случај можеа да им го оставаат следувањето во шаторот па тие по дневното снимање навечер да си ги најдат порциите залоени како штирак, полазени со црвени мравки и по некој полски глушец.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Би требало тоа распаѓање да се прет­вори во жесток процес, во насилна смрт, по пат на исмевање, преди­звику­ вање, повеќекратна симулација која што ритуалот на смртта на универзи­тетот би го понудила како модел на распаѓање на севкупното општество, заразен модел на напуштање на секоја општествена структура, во кој смрт­та конечно би го извршила своето пустошење кое што штрајкот очајнички се обидува да го оствари, во дослух со системот, успевајќи во најдобар случај да ја претвори во бавно, успорено изумирање, кое што дури веќе не е ни можно наместо некоја субверзија, некоја офанзивна реверзија.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Клаустрофобичното бледило, што во најдобар случај сугерира на “ќелиската светлина” на Caravaggisti, не е ублажена ни со пејсажи ни со екстериери. (Тука можеби одиграле улога буџетските ограничувања за локацијата на снимање).
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
А ние? Со нас сѐ беше во најдобар можен ред.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Тоа било отсекогаш така, па дури и во најдобрите времиња на ин­тер­национализмот.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Од сите луѓе коишто ве познаваат, кој би бил во најдобра позиција да прикаже некои детали кои би ми биле од помош? • Како би можеле тие да увидат кои промени во животот вие најмногу ги посакувате? • До кои заклучоци тие би можеле да дојдат во врска со вашите намери за промена врз основа на ова? • Што би можело ова да каже за тоа кој животен стил вам најмногу ви одговара?
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Следува еден пример за поставување прашања, образуван според таа структура. (а) Добро, значи вашата тетка Мевис би можела да биде во најдобра позиција да предвиди едно такво постигнување.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Ова има “драматично” учество во архелогијата на алтернативните сознанија за личноста и за нејзините односи со другите.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Тие израснуваат од контекстот на дијалогот, и секое од нив треба да биде чувствително усогласено со одговорите на претходните прашања. (а) • Ако јас бев набљудувач на вашиот живот кога вие бевте помлад, што мислите дека би можел да посведочам во прилог на подоброто разбирање за тоа како сте успеале да го постигнете она што неодамна го постигнавте? • Што мислите дека ова мене ми кажува за тоа што сте сакале во вашиот живот, и што сте се обидувале да постигнете? • Што мислите дека би можело ова да ми открие за она што за вас е највредно? • Ако успеете да го задржите ова знаење за тоа кои луѓе ви се најблиски во текот на следните една или две недели, како би можело тоа да се одрази на вашиот начин на живеење? (б) • Од сите луѓе коишто ве знаат, кој би бил најмалку изненаден со тоа што сте го преземале овој чекор на соочување со проблемите на вашиот живот? • Што можат тие да посведочат дека сте правеле, во изминатиот период, што би им овозможило да претпостават дека вие би можеле да преземете ваков чекор во овој момент од вашиот живот? • Што мислите дека ова им кажувало, во тоа време, за вашите способности? • Што би можеле тие да претпостават за вашите цели со преземањето на ваква акција во овој момент од животот? okno.mk | Margina #4-5 [1994] 53 • Кои активности би си ги довериле себеси, земајќи го предвид она што во овој момент го знаете за себе? (в) • Би сакал да ги разберам основите на овие постигнувања.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Наместо тоа, тој видливо си поигруваше со несериозниот изглед, дури и со смешната тривијалност (иако огромен во размер), пресретнувајќи и оневозможувајќи на тој начин евентуалнo oмаловажување. ‌Јавните изрази на тага за смртта на геј-љубовниците некако излегуваат како лоши имитации, како исмејување, или во најдобар случај како присвојување на хетеросексуалниот патос, а со тоа и како негово ненамерно уважување.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Турција е земјата што се наоѓа во најдобра географска положба.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Критиката на идеологијата е, во најдобар случај, попрво чистење одошто пробивање.
„МАРГИНА бр. 1“ (1994)
Една госпоѓа во крзно елегантно гази по плочникот, така голема и рунтава го потсетува на мајка му во најдобрите денови.
„Сонце во тегла“ од Илина Јакимовска (2009)
Младиот човек, стапувајќи во живот, може да си ги заборави науките.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Имено, другите кралеви или шетаат сосема голи, или, во најдобар случај, во некои изветвеници што секој миг ќе им спаднат од телото.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
4. Биди подсмевлив колку што е можно: млад човек, кој знае како да исмее и да се пошегува се бара во најдобрите општества како богатство.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Ниеден друг крал во светот нема таква облека.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
„Замислете си, - ќе речат жените, - Тој е дотолку неук, што не може да одигра партија вист!“
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
На овие претходници од не премногу одалечените времиња сега им се подигаат олтари во најдобрите галерии во Европа.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Една од понеобичните појави на нашето време се случи можеби по 1950-та кога денешните “модерни”, забележувајќи ја опасноста да “заглават” во слепата улица на простата сегашност, почнаа во недвосмислено креативна смисла насекаде да ги бараат своите “прататковци”.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Имајќи пари и вујковци, тој веќе има право на неукост и на среќа, но, картите му се неопходни: без нив, тој во најдобрите куќи ќе биде мртовец и него ќе го посочуваат со прст, како да е бегалец од оној свет!
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
- Госпоѓо, со вас е сѐ во најдобар ред.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Денот на жетвата помина во најдобар ред. Набрекнатите вреќи зборуваа за тоа.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
- Не! Не, господине, сѐ е во најдобар ред.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
„Видете, апаратов ништо не покажува, сè е во најдобар ред, а, околу патувањето, слободно нека ве врзат зад автобусот и до Истанбул без гајле“, се пошегува.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Резултатите беа во најдобар ред: „Нема ништо страшно, ај’ оди си дома!“ Вискито го потрошив.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Овие две комшиски села, Тополчани и Тројкристи, кои тукуречи лежат на плеќите на Потковицата и граничат направо со нејзиниот синор, не се во најдобри односни со нејзините жители.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Дали сфаќа дека со овој репертоар ќе биде локална, или во најдобар случај регионална ѕвезда, или едноставно се се случило спонтано, не знам.
„Филтер Југославија“ од Константин Петровски (2008)
Таа е плантажерската аристократија, а јас сум сиромашниот додворувач, кој штедел четири месеци за да се довлечка до вратите на нејзиниот дворец во најдобрите алишта.
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)
Беше во најдобрите години, кога доблестите сè уште не почнале да се претвораат во пороци.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
А јас пари – како жабата влакна. Во најдобар случај, одвај за три слатки.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Се збунив и заклучив: Господ лекува, а ние самите преврзуваме...
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Се врволкам јас околу неа како петел, а таа се кикоти и ме предизвикува да ѝ давам комплименти.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
При водењето на истрагите тие не го менуваат принципот; во најдобар случај, кога нешто им е многу итно – на пример некоја голема награда – ја прошируваат, или преувеличуваат старата практика, без да го сменат принципот.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Како и да било, но во најмала рака, точно е дека чиновникот живеел во најдобриот дел на градот,  според тоа, доста далеку од Акакиј Акакиевич.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Она што некогаш било природно денес во најдобар случај е „природно”, или поедноставно речено, неприродно.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Мама е мртва за рендгенот, во најдобра смисла и за мене, што можеше и да се предвиди.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Во најдобар случај, и кога е апсолутно потребно некој да биде замолчан, ние сме понекогаш во состојба да прокриумчариме жилет во ќелијата на затвореникот.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Ретко работеше, дури и во најдобрите времиња, а сега струјата се укинуваше преку ден. Тоа беше дел од штедењето во подготовките за Неделата на омразата.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Бунтовништво можеше да се изрази со поглед во очи, со нагласок во гласот; во најдобар случај со некој тивко изговорен збор.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
А и да смогнат, не се нужни, зашто жената не може да ги прифати и искористи: таа во најдобар случај во својот живот може да се оплоди најмногу дваесет пати.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Тоа второ патување од Гаково до Скопје фиксирано е во Дневникот, а еден добар дел се наоѓа и во Плочата на животот, дека добро сме патувале ние неколкумина, дека приемниот поминал во најдобар ред и дека сме имале неколку убави денови на Вардар над Градската плажа.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Сѐ во најдобар ред!
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Син круг х жолт круг Сè беше во најдобар ред, додека „некој“ не го постави прашањето на величината. Математички - ²п – површината им беше подеднаква.
„Или“ од Александар Прокопиев (1987)
Становите (тоалетите, колибите, во најдобар случај соба заедничка за неколку семејства) и нивните народни кујни; досиеата и црвените ленти на институциите; интригите на бирократијата, психијатриските болници со нивната антологија на неверојатно апсурдни и морално сурови дијалози.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
На пример, ми падна в очи дека Катерина не седеше во скутот на Мирко Бунде; беше расположена на софата; но навистина го беше навлекла на колковите спомнатото крпче од здолниште кое во најдобар случај можеше да прекрие само четириесетина сантиметри од оној предел помеѓу нејзините колена и делот на слабините од каде скапоценоста, нејзиното папоче, што не смееше толку лесно и неодговорно да се раздава на туѓите погледи, срамежливо наѕирнуваше како роза или како око.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Јана беше прилегната на другиот крај од софата и немаше да ја забележам ако не ми паднеше в очи нејзиното арогантно однесување; госпоѓата воопшто не ме забележуваше ниту пак беше изненадена од моето присуство.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Како и да е, во тој замок-каде-и-да-е, една од забавите на исто така (како и господинот Сенка) непоимливо осамениот Призрак се бес­крајните прошетки од скулптура до скулптура, од слика до слика, гледајќи го (осветлувајќи го!) сето она што, на некој начин, не може да биде тој самиот; т.е. доволно згуснат за да биде фор­ма, доволно собрани тие честички светлина (од кои е составен господинот При­зрак) за да биде целина, суштество, а не некој вид на вампир осу­ден на талкање меѓу мртви предмети.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
„Никогаш не нѐ напуштил, тој е на земјата!“, велат едни; „во најдобар случај, глупаци, тој е само над“, велат други.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Додека нè одврзуваа, молчевме, но откако ќе нè ослободеа од јажињата, од нас избувнуваа порој закани на посрамотени дванаесетгодишници.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Прозорците беа премногу мали и премногу високо; од нив, во најдобар случај, се гледаше небото со по некое пердувесто облаче.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Друг разлог е дека чувањето на една теорија да биде недостапна може да има емоционални, социјални и економски предности за оние од “внатрешниот круг”.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Обврската нужно е двојна, спротивставена и спорна, со што привикува одговорност а не морална или политичка пракса.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Нејзините термини, суптилни дистинкции и техники се разбрани само од многу мал број луѓе главно концентрирани околу академијата.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Во спротивно, во најдобар случај ние само би спроведувале некоја програма или би се однесувале како “интелигентни” проектили.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
За општата публика деридијанската порака е во најдобар случај несогледлива, а многу почесто, потполно бесмислена.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Тие, се разбира, ќе останат непроменети, а ти, во најдобар случај, ќе добиеш малку црна, посмртна слава.
„Одбрани драми“ од Горан Стефановски (2008)
” се насмевна така суптилно и заводнички што се избезумив од восхитување. okno.mk | Margina #10 [1995] 109 “Издржи, Кока,” зачрчори, “сѐ е во најдобар ред.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Јас сега не се сомневам дека уметноста на архитектурата, што ја практикуваат современите архитекти, е чисто визуелно естетско искуство, и ако не е само површно трагање по надворешна декорација, таа во најдобар случај е себично и безобзирно наметнување.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Во денешниот момент на (македонското) новинарство кадешто лаже кој стигне, кадешто моралната одговорност во најдобар случај е мисловна именка, и кадешто мошне често ни за највулгарните и најприземни навреди не може да се добие ни минимален отчет, навистина е во ред прашањето зошто, кога веќе се залагаме за промена на состојбата, не потпишуваме одредени свои текстови.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Но ние всушност ги потпишуваме! И ја воведуваме формата на колективно авторство.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Изгледаше дека е сѐ во најдобар ред.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)