Денешните системи во огромно мнозинство се фонолошки; нефонолошките системи ги наоѓаме претежно во најстариот период од историјата на писмото, и токму на нив сега накусо ќе се задржиме.
„МАРГИНА бр. 36“
(1997)
Размислуваше колку тоа имаше длабоки корени уште во најстарите европски цивилизации, само тогаш под други имиња, но со иста суштина на отуѓената душа на човекот, во сите човекови меандри на патот на опстанокот.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Се скамениле градителите. Побелуваат од јад и погледнуваат во најстариот, знае тој дунѓер многу - ѕидал и за Арапите и за Кинезите.
„Забранета одаја“
од Славко Јаневски
(1988)
Прстите на старецот си играа со мојата коса. Пламенот ми ги полнеше ноздрите со густа топлина а земјата под мене беше сува и тврда.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Тогаш повеќето домаќини носеа околу ушите жолти или црвени шамии, некаква православна чалма што ги брани од студ, и така сите имаа глави како наголемен желад, плод од џиновски шуми какви што биле во најстарите времиња.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Апостол на албански неколку пати им нареди да се откријат жените, а тие застанаа во положба да се молат.
„Три жени во три слики“
од Ленче Милошевска
(2000)
Кога им се закани, жените погледнаа во најстариот човек, а тој вртејќи го лулето им нареди да се откријат.
„Три жени во три слики“
од Ленче Милошевска
(2000)
Иронично е што во најстарата демократија, политиката на САД изгледа дека загуби секаква врска со реалноста.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)
Старомодната религиозна демонологија и лажниот патриотизам вешто распрскани преку телевизиските екрани, ги заменуваат рационалните дискусии на одредени теми.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)
Изборите се добиваат со платени реклами исполнети со моралистички слики, емоционални драматизации и малициозни измислици.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)