- Јас со него борба водев - Ете, тука беше, пред мојот нос, но одеднаш го снема, како в земја да пропадна, како да се претвори во невидлив дух!
„Гоце Делчев“
од Ванчо Николески
(1964)
Им се радуваше на тазе кроасаните, со позлатени, светликави кори, потопени во невидливиот путер.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Окото: иако има голема дарба да продира дури и во невидливите работи, може да биде и мрзливо или незаинтересирано а пак намерно да подзамижува, некаква своја лукавост тогаш сака да покаже, доколку се работи за нашата себичност.
„Ветришта“
од Радојка Трајанова
(2008)
Процесот на трансформацијата на видливото во невидливо ние не знаеме ниту кога зачнува ниту точно кога и каде завршува.
„Љубопис“
од Анте Поповски
(1980)
Народната уметност, таа „планина на народниот дух, папокот на нацијата, со која секој автор треба да остане во невидлива папочна врска целиот живот“ (повторно ја задевав Луција), онаа традиционалната, нема познат автор.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Рече дека народната уметност денес треба да биде „планина на народниот дух, папок на нацијата, со која секој автор треба да остане во невидлива папочна врска целиот свој живот.“
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Шепотливо плискаат брановите во невидливите карпи таму долу како да го повикуваат и потсетуваат и му забележуваат за нешто, како да го опоменуваат за нешто многу важно што тој го заборавил.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
- Токму тоа и го продаваме, - гордо се исправи Пишпирик. – Ако имаш невидливи пари, одбери си нешто од тоа нешто, стави ги во невидлива торба и носи го.
„Пупи Паф во Шумшул град“
од Славко Јаневски
(1996)
Сме продале такви неколку рала. - На Малта. - И на Корзика. - Во Бурма. - И во Сингапур.
„Пупи Паф во Шумшул град“
од Славко Јаневски
(1996)
3. Страшило од корени од жед и од глуварки со лелек од шупливи гради на мртво стебло Ноќта ги негува тешките црни молчења во невидливите градини каде студенее летото Ниту една планина во мојот говор додека се враќам во домот на претците.
„Посегање по чудесното“
од Србо Ивановски
(2008)