Попладнето во Cafè de la Metempsychose доаѓаше една бистра дама - о, во нежни преливи на доцниот Реноар.
„МАРГИНА бр. 36“
(1997)
Очите беа дозвола да се вкрстат четири раце во нежна прегратка.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Со палецот и показалецот Милан предизвика распрсканата прскалка да се расцути во џиновско утринско славење, кое наскоро се кондензира во млаз, а потоа повторно се расцути во нежен воден прав.
„Невестата на доселеникот“
од Стојан Христов
(2010)
Прикачена е во нежен јазол на кукастата коска.
„Читај ми ги мислите“
од Ивана Иванова Канго
(2012)
Се сеќаваше на утехата во нежниот допир на нејзината рака по брадата која оттогаш веќе никогаш не ја остави да порасне.
„На пат кон Дамаск“
од Елизабета Баковска
(2006)
Журката кулминираше во диво рикање на фолк рефрени од страна на припадниците на гардата и логично завршуваше некаде пред полноќ, кога гардистите уживаа во нежното танго со младите хуманитарки и поличниот дел од секретаријатот.
„Браќата на Александар“
од Константин Петровски
(2013)
Уживајќи во нежната вечер, Петар деликатно и многу внимателно се приближи и ја бакна Томаица во усните. Долго и страстно.
„Белиот јоргован“
од Хајди Елзесер
(2012)
Градите ѝ бабреле, веќе биле допрени до неговото лице со многу врелина и морници на себе.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Со чело го почувствувал брзите удари на туѓото срце што пуштало од себе невидливи жилички за да го стисне во нежна мрежа на чинки под чија лелеавост ќе заспие со машка недореченост на младата става изградена и склопена од безброј секакви сетила и непокорна на законите што важат за сите живи страственици, од најмалата и најбезначајната мравулка до човекот.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)