Нивните движења фрлале зад нив црн синџир ѓаволски сенки што се во непрекинат напор да се исправат и да се испреплеткаат до уништување по кое на земјата ќе останат само црни и безначајни парчиња кожа на една дива и неповторлива ноќ.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Луѓето од дружината седеле во круг со лице кон огнот, без пречкање и без ракиска подбивност.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Полека, како да си починува пред да го завлече ножот помеѓу кожата и месото на животното, Онисифор Мечкојад запцул куќа и ораница, колепка и гроб, снаа и балдаза, земја и небо, додека и оној со факелот в раце отстапувал назадечки.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Токму отвореноста и демократичноста се онаа најголема привлечна сила на мејл-артот, а освен тоа важно е што уметникот е во непрекинат дијалог со многумина други уметници, такашто има повеќе шанси да стане покритичен, да се споредува, континуирано изложувајќи го своето дело на проверка.
„МАРГИНА бр. 15-16“
(1995)
Сам и бесен, со згрчени прсти во густата топлина на утробата, барал што не споменал уште во своите пцости и споменувал одново, по еден друг ред, од небо и земја до ораница и куќа, и сѐ така во непрекинат круг.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Густ дожд. Не во капки. Во непрекинати проѕирни жици.
„Две Марии“
од Славко Јаневски
(1956)