И покрај сите црнила и балкански премрежиња, Татко не престануваше да верува во овдешната изрека дека планина со планина не се сретнува, но човек со човека - да.
„Тврдина од пепел“
од Луан Старова
(2002)
Во годините кога Татковата болест и немоќта поради староста го намалуваа маневарскиот простор за неговите големи балкански пориви да го води своето семејство, со кормилото на судбината, кон исток или кон запад, но и поради закоренувањето на постарите синови, со нивните семејства, во овдешниот живот, Мајка небаре се чувствуваше задолжена да ја преземе грижата не само за Татковото здравје, кој остануваше опкован со своите книги, туку и за стратегијата за натамошното спасување на семејството.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
Санџак-бегот охридски, иако Струга припаѓаше на охридскиот санџак, не се мешаше во овдешните работи.
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)
И јас, како и другине што поминуваат оттаму, ќе можам да ја видам само улицата со затворскиот ѕид што се чини сосема обичен. Ништо друго не се ни наслутува.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Кога ќе излезам одовде ќе наминам на улицана за да проверам низ кој мрачен трулеж истекува овој застојан смрад иако знам дека погледот откај улицата не е во состојба да наѕре во овдешниве посебности.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Човеков што дојде да ме поведе ме поттикнува да побрзам, но не ми кажува каде.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Нели, колку си поблизу, за да го видиш секој белег на лицето, толку ти е понедостапна и поневидлива опачината?
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)