во (предл.) - огромен (прид.)

Парничните трошоци, во огромен износ од 65.060 МКД (1.070 ЕУР) паднаа на терет на туженото претпријатие, кои и ја изгуби парницата.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Велешкиот суд (преку сега пензионираниот судија Н. Ивчев), по одржани 12 рочишта на кои беа изведени писмените докази 103 и сослушани тројца сведоци –  но, по поминати недозволиви рекордни четири и пол години траење на спорот, дури во декември 2003 ја донесе и објави Пресудата во полза на Авдиќ – со која беше поништена Одлуката за отказ бр. 04-824 (донесена од генералниот директор) и Одлуката У.бр.02-977 (донесена од УО) со која е потврдена првичното отказно решение и тужениот работодавач „Киро Ќучук“ беше задолжен, во рок од 15 дена по приемот на писмено изготвената пресуда, да го врати Авдиќ на „работно место кое одговара на неговите работни способности и на неговиот степен на стручна подготовка“.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Тој е претворен во огромно градилиште во кое се наѕираат нови улици, авении, плоштади нова архитектура, која целосно ќе се разликува од таа на „Карл Марксовата Авенија“, денес единствено оформена артерија во Источен Берлин...
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
И затоа овој дел е претворен во огромно летувалиште и не се знае каде едно свршува а каде другото продолжува, сѐ таму до Румолифенари, пред вратите на Црно Море.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Штом ќе се напушти бучавиот милионски Брисел, се протега идеално рамна автострада, како засечена лента во огромните простори на Фландрија.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Таа се раширила во огромни димензии со својата осамнеост на овој огромен по пространство плоштад, дејствува достоинствено и ако стражар на градот, зашто од нејзината височина се фрла поглед на цел Букурешт.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Во устата наместо заби, во огромната вилица има околу 400 плочки наредени во два реда.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
Хорот ја заврши песната и остана да стои на истото место; на Плоштадот на Слободата, во солзите на Гита Корец, во стаклестата зеница на последниот архирабин и во Вториот Ерусалим кој не изчезна, но постои и не престанува да се сонува себе си, во сенката на живиот град.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Константин З . се чувствуваше семоќен, гледаше во огромното сиво здание на поранешниот монопол и сам си го поставуваше прашањето: дали некој друг успеал цел еден етникум да затвори во една единствена зграда?
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Рабинот широко ги отвора очите и погледнува зад девојката каде што се шири солунскиот Плоштад на слободата на кој стојат луѓе и гледаат во него: стотици, илјадници човечки лица, мажи, деца, жени, старци, некои познати, некои блиски, повеќето непознати и невидени, сите претворени во огромен хор што на крајот од мането, тажно ја запејува неговата омилена песна:  Primavera en Salonico halli al café Mašlum una nina de ojos pretos que canta y sona ud.  No me manques, tu Fortuna, del cafe de Avram Mašlum. Tu quitas los muestros dertes, que cantas y sonas ud.  El ud tomas en la mano con gilvéš y con šacaš. Los tus ojos relučientes a mi me hačan quemar. 17 
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Кога конечно дојде публиката (а дојдоа во огромен број) работите отидоа во правец на некаков си talking art - во една гигантска и хаотична дискусија околу сѐ и сешто, со многу полемичен дух.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Цената на овие стимуланси по килограм, како што сите знаеме, е многу повисока од цената на градинарските култури кои во огромни количини скапуваат по амбарите поради лошата економска политика што се води во оваа земја.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Колибата и плевната личеа на две изгубени кутичиња во огромна бела пустина.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Филмот завршува со тоа што Просперо ги фрла своите скапоцени томови во огромен базен, којшто цврчи и блицнува при паѓањето на секој том во водата.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Тоа во основа е една темна материја, честички на оние душевни сензации што се простираат и движат во огромниот простор помеѓу тагата и очајот; тоа се честички што се јавуваат во улога на невидливи оски околу кои времето на творечката индивидуа ја прави својата голема револуција, постојано кружејќи од детството до денес и од денес до детството.
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)
Ги сметав за богови; нивните соло партии ги свиркав со устата воодушевувајќи ѝ се на инспирацијата што ги создала; но кога научив да свирам саксофон, кога технологијата на свирење (на дишење и работа со прсти) веќе сосема беше совладана, таа магична аура околу нивните солоделници сосема исчезна: јас видов дека таа совршеност во огромен дел се должела на техниката на свирењето и дека некаде, токму техничкиот потег на прстите, уиграната техника на дишење (неможноста да вдишеш двапати по ред без да издишеш) била таа што решавала цели пасажи од мелодиските линии.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Можеби токму хетеросексуалците се денес тие што повеќе ја ценат и на кои повеќе им треба машката геј-култура отколку на самите геј-мажи.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Тоа нема да се смени во некоја голема мера.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Ќе бидеме настрани засекогаш. ‌Геј-децата сѐ уште растат, главно, во хетеросексуални семејства и во хетеронормативна култура.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Од најмали нозе, од многумина од нас се бара да се однесуваме на начини што се неусогласени со начинот на кој чувствуваме и со начинот на кој инстинктивно реагираме на воспоставениот општествен поредок.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
А дури и децата што не растат во стрејт-семејства, сепак, се изложени, во огромна мера, на хетеросексуалните културни облици.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Повторно чекам, како двајца измамници, изгубени во огромната соба, криејќи ги погледите, гушејќи се од сувата болка во градите.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Од спонтан, непосреден импулс минува во огромен, болен, општочовечки копнеж кон топлина...“.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Како и секаде, и таму биле поделени богатите и сиромашните – оние за кои нивните семејства плаќале високи суми, биле сами, или по двајца во соба.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Насекаде имаше фенери, факели, и неколку силни огнови чии пламења се извишуваа кон темното небо.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
И само некои од нив се среќавале: во огромните трпезарии, во Големата сала во која доктор Гете држел предавања, во паркот кога шетале.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Толпата, правејќи круг, се беше насобрала околу централниот дел, и се туркаше да ги види луѓето со костими од перја, луѓето со капи во форма на клунови и големи рибји опашки, луѓето со облека натопена во боја црвена како крв, луѓето со ангелски и пеперуткини и птичји криља, луѓето скриени во огромни јајца на кои имаше отвори за нивните очи, луѓето под долги сини чаршави кои беа река, луѓето со труби кои ја најавуваа апокалипсата, луѓето кои се прпелкаа по црвениот чаршав и гореа во вечниот оган, луѓето кои лежеа на синиот чаршав и уживаа во небесниот спокој, и еден човек со крст на грбот, кој гледаше нагоре кон мракот и извикуваше: „Господи, Господи, зошто ме остави?“
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Во полупрстен од сончева патека регистар на природните феномени, без перо, без мастило, во огромните морски води...
„Поетски блесок“ од Олга Наумовска (2013)
И, токму на тоа место, каде што во прегратка се среќаваа Сава и Дунав, една црна точка се претвори во огромен вител.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Темнина му ги полни очите и во темнината познат глас ечка како во огромна празна црква.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Така, во огромен број на детски одаи подмладокот на бившите Југословени изнареди еден куп каначки, да им прават друштво на Илјада зошто илјада затоа и Како се калеше челикот.
„Филтер Југославија“ од Константин Петровски (2008)
Кога почна да се разденува, мракот не се топеше во светлина, туку се згуснуваше во широка лента која бавно се стеснуваше во огромен флор, па во конец кој светлината го пресече како со ножици, пуштајќи нов ден во светот.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Ми треба во огромни количини, а никој освен еден, кој е сега многу далеку, не е способен да ми го даде.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Жари се појавува во огромниот дел од текстовите за Дишан, во кои одвреме-навреме критичарите изнаоѓаат паралели во размислувањата на овие двајца автори.
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)
Денешните системи во огромно мнозинство се фонолошки; нефонолошките системи ги наоѓаме претежно во најстариот период од историјата на писмото, и токму на нив сега накусо ќе се задржиме.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Тој се загледа во огромното лице.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Ги фрлија алиштата од себе и скокнаа во огромниот кревет од махагониево дрво.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Паѓаше назадечки, во огромни длабочини, сѐ подалеку од стаорците.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Во огромните лаборатории на Министерството за мир и во експерименталните станици скриени во бразилските шуми, или во австралиската пустина, или на изгубените острови во Антарктикот, експертските тимови неуморно работат.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
„Сеедно, ние сега не сме заедно,“ ми велеше Ема.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Јас бев исправен пред себеси во огледалата што ме пренесуваа во бесконечност и со испружени раце ја барав Ема во огромната празнина.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Се потпираше со грбот на некое дрвце, тргаше на лулата и гледаше во огромното небесно синило над себе, во блескавата ереска вода во далечина, гледаше во зелената шума наоколу, го слушаше пеењето на птиците, шумот на водата што се спушташе низ брегот - и си замислуваше како ќе изгледа бањата што ќе биде изградена овде кога ќе запре чадот.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Малите јагулчиња во огромни јата долги и по стотина километри, гонети од инстинктот, тргуваат по патот на нивните родители, врвејќи го по две години за да дојдат овде во езерово...
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Последниот глас, тој штрбав тенор, потсетуваше на зовриена течност во огромна епрувета и панично делуваше, и тој знаеше дека смртта не треба да ја молат, кога е веќе негде над нив невидлива и пак спремна да влезе во хазардната игра како вечен играч и вечен добитник, да спечали, зашто растеше врз врелината на омраза и ги набабруваше како меури многуте побунети очи.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Во огромната челуст на тишината невратно се губеа притаени пцости, злокобно тропање на некакво железо, неразбирлив шепот и сѐ што не се слушаше, и сето она што сивите луѓе, го носеа под грло, зашто 'рбетникот на големиот организам на колоната беше скршен.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
- Па, може бил Васил, гостинот твој! Што не му кажеш и на него да не моча стоечки за да не ти ја прља шолјата?
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Кога тетка ми отиде да ми донесе влечки, одеднаш се најдов сам во огромниот бел салон.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Се понадевав дека можеби ако се опуштам и прво се истуширам ќе ми стане полесно, па се соблеков и кога во огромните блескави огледала си го видов стомакот испрчен врз заднината на болскавите плочки, се запрепастив.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Усните ги растегна во огромна, широка насмевка, при што ѝ се видоа големите бели заби како плочки за бања, а потоа се плесна со раката по челото и викна: - Лааа!
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Зеде една салфетка и почна да ги брише, а потоа истото го направи со приборот на нејзините деца.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Наслушнува. Шумат дрвјата во огромната пустелија што се шири околу неа.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
За некои специјални прилики целото семејство одеше на посета кај мајката на Бертран која живееше сама на еден имот во огромна куќа во близин ата на Париз.
„Животот од една слива“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2014)
Мајка ти и тетка ти береа шумски јагоди крај реката, што во јули ги има во огромен број, а јас ја разгледував околината.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Таа ноќ немаше доволно столови за седење, зашто тие нагрвалија во огромен број, па јас заедно со татко ми одев два-три пати кај тетка Софија и чичко Ѓорѓи во комшии, за да довлечкаме столови, и кај тетка Јовка, за да ми даде лажички, вилушки и тањирчиња.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Меѓутоа, нема сомнение за тоа каков впечаток им оставиле Солунските атентати на оние што биле ангажирани околу последните подготовки за востанието, што гледале како Македонија се претворала во огромен воен логор, во огромен затвор во кој се фрлаат најинтелигентните сили на земјата, како огромниот терор застрашува да ја разнебити Организацијата...
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Имаше толку многу ѕвезди на небото, и уште исто толку се огледуваа во огромната вода, што ми се чинеше дека сме во вселената и дека патуваме со вселенски брод.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Летавме многу ниско над брановите, и одвреме-навреме страхував некој од нив да не нѐ стигне со својот висок, пенлив гребен и да нѐ повлече кон длабочините.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)