Ливчето го стави во офицерската чанта и потоа викна: - Строј се!
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Кој и да стрелаше во офицерската униформа, неќе одговараше.
„Две Марии“
од Славко Јаневски
(1956)
Брзо го подигна штикот и, како што го учеа во офицерската школа, му го забоде под клучната коска.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
По ослободувањето на Битола, на една игранка во Офицерскиот дом, сите да ме канат, а јас да не знам да одбијам, да запрам.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Се сети и на Маре, тогаш најубавата матурантка на генерацијата, како се вљуби во еден млад мустаклија офицер, кој излегуваше на корзото во нова кноевска униформа и го носеше своето друштво на игранки во Офицерскиот дом.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
Потоа Тамара и Томаица влегоа во офицерски, додека Атина остана надвор да се раздели со брат ѝ.
„Белиот јоргован“
од Хајди Елзесер
(2012)