Целиот Прилеп сега е во партизански раце.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“
од Тодор Чепреганов
(2001)
Во радиограмата Force 399 се известувал дека “сите комуникации и градови од Велес до Битола и Гевгелија освен Велес и од Гостивар до Битола сега се во партизански раце, а слободна е и областа меѓу нив.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“
од Тодор Чепреганов
(2001)
И одново специјален курир донесе партиска директива, која беше наредба: - Во партизанските одреди да не се примаат повеќе доброволци; да ги враќате дома, а на заробените владини војници и офицери да им ги земате униформите и по гаќи и боси да ги терате да се враќаат....
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Ама подоцна, кога созреа, најпрвин во партизанските одреди на ЕЛАС, потоа во Егејската бригада, па служејќи во Југословенската народна армија, а потоа и во народната милиција, размислуваше, а размислувањето понекогаш беше рамно и на неизвршување на наредба...
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
А во партизанскиот одред таму беше и Едо наш.
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)
Во 1943 , како резултат на преземените активности бил формиран и горноџумајскиот партизански одред “Никола Калапчиев”.
„Џебна историја на македонскиот народ“
од Група автори
(2009)
Врз основа на таа одлука, од партизанските чети на Разлошко, во мај 1943 бил формиран Разлошкиот партизански одред “Јане Сандански”, кој во 1944 бил преименуван во партизански одред “Никола Парапунов”.
„Џебна историја на македонскиот народ“
од Група автори
(2009)
Вотната во партизанските пантолони на Димостена и забрадена во една ветва шамија копаше дупки по падините на Водно, и така облечена со тезгере влечеше малтер до најгорниот кат на егејската зграда, само сега не мора така да се облекува, убаво ѝ стојат било какви фустани.
„Црна билка“
од Ташко Георгиевски
(2006)
Ноќта бргу падна, сијалиците го заменија сонцето во одајките и додека вечераа во кујната, со нурнат поглед во чинијата со манџа Пелагија го откри Егеецот Димостен, Влав од селата на Кожув Планина, човекот со дрвената нога, со убавото лице, со благиот глас, со косата што паѓа врз очите, рече додека тој се биел против фашистите со партизаните, го запалиле неговото село, со другите куќи изгорела и неговата куќа, ама во неговата куќа била неговата жена и деца и оти далеку во други планини со бојови зафатен за несреќата дознава дури кога и тој останал без една нога а се лекувал тука близу Скопје, во партизанската болница Катланово.
„Црна билка“
од Ташко Георгиевски
(2006)
А кога дојдоа нашите, се примири некаде, како под женски скут, и додека сиот град излезе на улици тој не се појави во чаршијата барем да си ја обие својата бутка, сѐ додека не го дочека синот во партизанска униформа.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
Сојузниот секретар, кој ја имаше репутацијата на кариерен дипломат, како некогашен учесник во партизанското движење во дипломатијата всушност дојде од ЈНА, во униформа и тука остана до крајот на својата функција, која коинцидираше и со крајот на Југославија.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Македонија беше застапувана во дипломатијата со своите десет проценти! И јас бев меѓу нив... Еден процент...
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Немаше да ни биде криво ако нашите овци и кози и говеда би завршиле во партизанските казани.
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
Сега веќе во вагоните не влегуваат војници во германска облека, туку во партизанска.
„Дружината Братско стебло“
од Јован Стрезовски
(1967)