Можеби Водомар легнат во песочна длапка секакви соништа ткае од езерска капка.
„Пупи Паф во Шумшул град“
од Славко Јаневски
(1996)
Но Татко остана цврсто на поставеното прашање и одговори: Познато е дека исламот се роди во пустина. Во песочен лавиринт.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Половина од песокта во песочниот часовник е истечена, тасовите на вагата мируваат, мирува и ѕвоното, иако во секој миг може да го удри последниот час.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Или можеби времето застанало и песокта во часовникот ќе застане, ни ваму ни таму, а тасовите на вагата во својата рамнотежа покажуваат дека веќе сѐ е сеедно и нема значење, а ѕвоното нема зошто да удри.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)