Секогаш стравуваше од споменувањето на името во повисоките нивоа на власта.
„Тврдина од пепел“
од Луан Старова
(2002)
Цела низа на забрани се однесуваат токму на допирот, „Bitte, die Kunstwerke nicht beruhren” е гесло, кое што ширум Германија ги придружува ликовните изложби, тука се и повиците „don’t touch me” и „lascia me” кои што исто така имплицираат одвраќање.
„МАРГИНА бр. 15-16“
(1995)
Сетилото за допир е прилично материјално, непосредно, исто така е и егзистенцијално сетило кое што има важна когнитивна функција (да споменеме дека детето ја осознава околината токму со допирање на предметите), но очигледно сè уште нема референт што одговара, значи предмет што би можел да се конструира во повисоко теоретско ниво на сетилното.
„МАРГИНА бр. 15-16“
(1995)
Нивната теорија за логички типови на исказот му оневозможува да биде исказ самиот за себе, такашто секој исказ за некое X го ставаат во повисока логичка категорија отколку самото X.
„МАРГИНА бр. 26-28“
(1996)
Ќе одиш во повисоки класови, па и на факултет.
„Друга мајка“
од Драгица Најческа
(1979)
Тоа го вбројуваше во побитните членови на секретаријатот и донекаде го пласираше во повисоките ешалони на локалната власт.
„Браќата на Александар“
од Константин Петровски
(2013)
Тие одлучуваат кој ќе биде избран во марионетскиот парламент, кој ќе се вработи во државната администрација, кој ќе добие унапредување во повисок чин во гардата...
„Браќата на Александар“
од Константин Петровски
(2013)
ДА - МАКЕДОНИЈА ВО ЈУГОСЛОВЕНСКАТА ФЕДЕРАЦИЈА НЕ - ОБЕДИНЕТА, НЕЗАВИСНА И САМОСТОЈНА МАКЕДОНИЈА Парцијалните извештаи од раководителите на британските воени мисии за политичките ставови на македонските политички и воени раководители, како што видовме, ја подигнале мобилноста на британскиот политички естаблишмент.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“
од Тодор Чепреганов
(2012)
Веќе немало никакво сомневање дека британскиот политички естаблишмент ќе треба да му посвети посебно внимание на сега активираното и за нив познато "македонско прашање" од историјата, кое сега преминало во повисок стадиум како "македонско национално прашање", поради што претставувало реална опасност за нарушување на британските интереси на Балканот.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“
од Тодор Чепреганов
(2012)
Жалам што не истраја во сонот поставен пред многу искушенија Го напушти тронот што водеше во повисоки неба и бденија Си постави пониски устроенија Полесни за остварување А твоето верување?!
„Сите притоки се слеваат во моето корито“
од Марта Маркоска
(2009)
Најчесто низ тишина, во тишината на единствениот јазик во светот.
„Потрага по Елен Лејбовиц“
од Луан Старова
(2008)
Мајка ми и при најтешките судири со животот, при губењето на своите синови, не исрушташе солза, не покажувајќи ја својата душа, сместувајќи ја во повисоки сфери.
„Потрага по Елен Лејбовиц“
од Луан Старова
(2008)
И еве по многу години, кога ја снема нашата куќа крај реката, кога таму се пресели едно друго време, на бетон и врева, често во тивките ноќи на истиот простор, кајшто останал само дел од тврдината Кале на другиот брег од реката, само во небото го откривам непроменет некогашниот поредок на ѕвездите.
„Потрага по Елен Лејбовиц“
од Луан Старова
(2008)
Вера просто го ладеше неговото одушевување: „Ништо не можеш да смислиш, мил мој, сè додека личните доходи не ти овозможат да ме однесеш во повисок стандард.
„Човекот во сина облека“
од Мето Јовановски
(2011)