во (предл.) - подготвен (прид.)

Јасер Арафат како ретко кој друг успеа да ја ревидира судбината на својот палестински народ, да го обедини на патиштата на слободата по вековниот егзил и самиот да стане маченик на враќањето во Палестина, историска жртва, фатен во подготвената стапица од јастребот Шарон!
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Бригадата веднаш кинисува, секако во подготвена акција.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Додека господарот зборува, другите тројца лошотии молчат и недоверливо гледаат во подготвениот материјал на Сенка: некакви слајдови, скици, мапи, големи плакати на кои се нацртани нивните непријатели, книгата „Анатомија на Мозокот”...
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Еколозите и биолозите во подготвени шишенца и теглички од Маркова Река собираа материјали.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Абу Амар за своите, Јасер Арафат за светот, за едни палестински Че Гевара, за други Мојсие на својот народ...
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)