во (предл.) - подолг (прид.)

Дури и кога се вшприцува физичката зависност не се појавува веднаш, така што доста корисници се во можност да го употребуваат одвреме навреме во подолги временски периоди без посебни последици.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Исто така, земање екстази во подолг временски период (поради тоа што дрогата го намалува апетитот) доведува до губење на телесната тежина.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Тогаш Захаријадис, во подолгиот разговор, подчувајќи го како да го организира партизанството, му рече: - Мобилизација треба да се врши исклучуво врз доброволна основа.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
„Феминизам“ го нарекувам движењето кое се бори да ги измени вредностите припишани на, и претставите направени од “жена” во подолгиот историски период на патријархална историја, исто како и во подлабокото време од нечиј сопствен идентитет.
„МАРГИНА бр. 1“ (1994)
Тоа е распределување на стресот, во подолг временски период, со што се олеснува интензитетот на вознемиреност во дадениот момент на случувањето.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Според Енциклопедија Британика, календарот е: Систем за делење на времето во подолги периоди...
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Своите опсервации за она што го видел за време на својот престој го набележал во подолгиот извештај што го доставил до Управата за специјални операции на 12 декември 1944 година, а извештајот во Форин офис пристигнал на 30 декември 1944 година.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Она што било набележано во извештајот, по реакцијата на неговите експерти, не оставало сомневање дека на таа територија се случувале настани кои не им оделе во прилог на дотогашните британски планови за повоеното уредување на Балканот, а посебно во полза на Грција, која ја сметале за своја интересна сфера.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Беше во подолг период адвокат и судија во независна Албанија за време на режимот на кралот Зогу.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Да беше ракописот смирен, прецизен, јасен и да беше пишуван во подолг временски период, сигурно ќе беше многу пократок.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Ке се пушти во подолг разговор со своите муштерии, особено со првиот што му ја продава борината и ќе се прави глув, пелтек, глув на едното уше, недоветен, дека слабо го интересува што прават другите Мариовци.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Да се разбереме, другари, градбата на хидроцентралите ќе се одвива во подолг период и бара големи жртвувања и напори. Историски.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)