Честотата на стапалките ме радуваше повеќе од старата логика во која секогаш сомнително се плеткаат читања, летања, но и слободни паѓања од карпи, во собата за сослушување во приземниот дел на оваа станица.
„Ниска латентна револуција“
од Фросина Наумовска
(2010)
Дворот од неколку квадратни метра, со разгрането стебло на кајсија во средината, крај кого наместо маса беше легната макара од кабел со неколку јасикови трупци наоколу прилагодени за седење, Ханка го делеше со осумдесетгодишниот пензионер од „Металски” Боро Симески кој по смртта на својата сопруга го продал станот во Тавталиџе, им ги поделил парите на двата сина, и се сместил во приземната барака со една соба и кујна, веднаш до нејзината.
„Полицајка в кревет“
од Веле Смилевски
(2012)
Како тоа почна? Една врнежлива октомвриска вечер со Јурак, по претходен договор, влеговме во приземниот ресторан на хотелот „Ина“ во близина на Романската амбасада.
„Полицајка в кревет“
од Веле Смилевски
(2012)