Секогаш сум гласал „За“ - да им се доделат пари на барателите, а за искреноста во приложените барања тие самите да си судат.
„Календар за годините што поминале“
од Трајче Кацаров
(2012)
Исто така, во извештајот недвосмислено се потенцирало дека „политичкото движење на локалните Словени“, не било „во полза на Бугарија туку за една независна Македонија“ и дека "неговата надворешна поддршка доаѓа од југословенска Македонија, а не од Бугарија".
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“
од Тодор Чепреганов
(2012)
Од извештајот недвосмислено произлегувал заклучокот за „неочекуваниот солиден славомакедонски карактер“ на областа во која престојувал Еванс и дека „западномакедонското словенско население во приложениот извештај е претставено како многу похомогено, испреплетено со бегалци или со други Грци, и произлегува дека е значително поголемо од она што беше претставено во грчките официјални податоци“.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“
од Тодор Чепреганов
(2012)