во (предл.) - природен (прид.)

Што всушност се случува во природните науки на ова поле?
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Зарем тие не би можеле да го понудат, на свој начин, решението што со векови го бара филозофот?
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Затоа токму актот на деструктивна критика кој се потпира на “неизмерната моќ на негативното како енергија на мислењето” (Хегел) и кој внесува раздор во природниот тек, односно ја крши онаа “друга”, “стекната” природа - во идеолошки конструкции скаменетите форми на општествен живот - е она што интелектуалецот го прави интелектуалец.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
Но, за споменатите равенки да можеме да ги употребиме како работни модели, мораме да ги “ренумерираме”, односно повторно да ги кодифицираме во природни броеви.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
Нејзиниот (само)деструктивен акт на спротивставување на државната волја на Креонт, акт во кој таа ја пречекорува границата на симболичката заедница на која што ѝ припаѓа, е она што отвора расцеп и внесува раздор во природниот тек на случувањето.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
Но, за да можеме споменатите равенки да ги употребиме како работни модели, мораме да се „ренумерираме“, т. е. повторно да се кодифицираме во природни броеви.
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
На ѕидот кон бавчата виси портрет на свекорот во природна големина, со фес на главата и астраганско џубе.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Одговараше на прашањата од читателите во весниците, даваше интервјуа, оставаше да го фотографираат во природни и во катедарски пози, стана познато име во пошироката а не само во стручната јавност, па му подаваа стол на која маса и да посакаше да приседне.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Бидејќи филмското разгледување на секоја од деветнаесетте милиони жртви на СНН -како мапата во природна големина - би им се потсмејувало на човечките напори, се сметаше дека е добро полето да се скуси, ако не и намерата, и да се пронајде, по пат на случаен избор, претставник на жртвите чиешто искуство би помогнало да се објасни овој феномен.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Втор предзнак Повторно јули врел ме раздени весело, седма годишнина, да прославиме заедно, во природните убавини македонски тргнавме рано, кон некое мало мавровско село.
„Портокалова“ од Оливера Доцевска (2013)
Кружниот пат долж брегот на полуостровот е проширен и асфалтиран, начичкан со мноштво кафеани, таверни, кафулиња, ресторанчиња и мали продавници и покрај 70 – православни цркви, повеќето постари од петстотини години и изградени во византиски стил, претставува големо туристичко доживување и завршува пред малиот плоштад во чија средина во природна голема е поставен споменикот на владиката Каравангелис на чии гради со црна боја е испишано – крвник.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Но и покрај тоа работата стои така и затоа, бидејќи нема метајазик и бидејќи човекот поради тоа секогаш работи и мисли во природен јазик, затоа е, значи, невозможна апсолутната формализација и артифицијализација на јазикот.
„МАРГИНА бр. 1“ (1994)
Или да се појавам во природна, неизменета состојба, онака како наутро, само со грст вода фрлена на образот и малку помадичка, на рамни чевли, без лажна висина.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Крајната цел беше: дали да се открие совршениот јазик во природниот или тој требаше да биде создаден како заеднички јазик за целото човештво.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Бевме големи пријатели Разговорот повторно се враќаше во природниот тек.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
За Татко, кој бараше излез од егзилот со враќањето во родната земја, сега ова враќање на јагулите низ новата генерација, посебно го привлекуваше како остварена парадигма во природниот универзум, чија смисла како да беше загубена за човекот, небаре изгубен рај.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Татко, кој, како адвокат, секогаш во природна опозиција со режимот на власт, беше сторил многу добрини од двете страни на Езерото кое го делеше променливата граница меѓу двете земји, сега реално можеше полесно да најде излез за своето семејство, да се врати во родната земја или да го продолжи егзилот.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Со занес го слушаше Игора Лозински, кој беше проникнал длабоко во природните тајни на Езерото, а во неговата свест проработуваше силниот механизам на асоцијациите.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Но, кога го запозна Игора Лозински и неговиот проект, почна да верува во пошироката смисла и согласје на оваа идеја на континуитет во природните и во социјалните феномени.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Татко сакаше херојски да замине со семејството од Балканот, следејќи го патот на јагулите, трагајќи по замислената планетарна хармонија која својата полнота ја имаше во природниот универзум.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Може дури да се рече дека Кулик се обидува да ја отелотвори желбата на длабинските еколози за враќање во природна состојба.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
Таа претставуваше германски авион од последната војна, “Јункер 87” изработен во дрво, во природна величина и беше целосна репродукција на авионот со кој уметникот се урна во Крим за време на втората светска војна.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Белјев и Преображенски пак, го „преоблекоа“ авионот во „валенкис“, традиционални руски чевли изработени од мастило, и кои и ден денес се натпреваруваат со марки од типот „Бали“, „Рибок“ и други странски модели.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Оваа инсталација реализирана во чест и во спомен на Бојс беше значаен уметнички настан во Москва.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Одбива шарените цвеќиња во дворот да ги обои со спреј и ги остава да цутат во природна боја.
„Азбука и залутани записи“ од Иван Шопов (2010)
Вели, некои одат на фитнес - во затворени простории се раздвижуваат на разни справи, а тој си ја сака природата, сака да се раздвижи и испоти во природни услови, па така секоја недела Еко оди со група ученици на Водно.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)