Ќе те прошетам малку по небото, - рече Месечината и го растегна своето лице во пријателска насмевка.
„Било едно дете“
од Глигор Поповски
(1959)
А кога еднаш, во пријателско борење, му ја скрши раката на еден бруцош, никој веќе не му ја спомена распуштеницата.
„Месечар“
од Славко Јаневски
(1959)
Уживаа во храната, во одморањето и во пријателскиот разговор, весел за Френк, а главно сериозен и важен за Даниел.
„Невестата на доселеникот“
од Стојан Христов
(2010)
Си мислев така и многу се разжалостив што е далеку од мене.
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)
А, јас, кога сум добро расположена и ако сме во пријателски односи, баш сум му добра сестра. Или поточно- најдобра.
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)
Така, во пријателски разговор, тој измина многу пат меѓу столетните стебла.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
И сенката му се сопнувала по нерамнини. И токму таа сенка како да го задржувала да се оддалечи.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Уште еден чекор, уште еден бескрајно долг чекор, и тој ќе се најде во пријателско шарско бачило, да дише меѓу ветрови испарување на овча волна и ненасито да се обновува со млако млеко, нем и тажен до денот на одмаздата.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Како да се наоѓавме во земја со која сме во војна, а не во пријателска земја.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Чекорев нервозно и немоќно од едниот до другиот крај на резиденцијата. Во мојата прва дипломатска мисија бев соочен со државен удар во пријателската земја на приемот.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)