Тинејџерите се извонредно приемчиви за светот околу себе и во развојната возраст им е потребен постојан проток на информации, што ги разменуваат меѓу себе и врз нивна основа си градат свое мислење.
„МАРГИНА бр. 22“
(1995)
маркетоид (или маркетиншки дроид, маркетир) - продавач на софтвер во фирма, што им ветува на корисниците дека следната верзија на програмот ќе прави работи што: не се вклучени во развојниот план, се исклучително тешко изводливи и/или се косат со законите на физиката
„МАРГИНА бр. 19-20“
(1995)
Како вистински и доследен идеалист, тој сосема го укина дуализмот меѓу битието и мислењето, и на свој мистички и идеалистички начин го воспостави нивниот полн идентитет: и материјата на објективниот свет Хегел ја претвори во развоен процес на „светскиот разум“, чиишто категории вечно се движат по законите на една посебна логика.
„Значењето на Хегеловата филозофија“
од Кочо Рацин
(1939)