во (предл.) - реален (прид.)

Со оваа студија се покри големата празнина којашто беше воочена во оваа, досега ретко истражувана проблематика, но истовремено се демистифицираше и тоа дека, во реалниот живот, работ- ниците се соочуваат со притисоци од секаков вид за молчешкум да го трпат кршењето на своите права и да не организираат штрајк, со цел да стават крај на таа експлоататорска практика.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Во таа смисла тој пишува за „нерамнотежа помеѓу програмите што мислат и програмите што осознаваат и се активни во реалниот свет”, тоа изненадувачко сознание го внесува во историскиот развој на темелните човекови способности: „Изгледа како да е - видено апсолутно - мислењето полесно од сетилното осознавање и делувањето - поглед што можеме да го објасниме во рамките на еволуцијата.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Меѓутоа, додека компјутерските програми кои што симулираат разумски операции, ги решаваат своите задачи скоро толку успешно како некој си студент-почетник, на најдобриот програм за роботско водење му се потребни часови и часови пред да идентифицира неколку предмети на масата и потоа да ги земе.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Неговата трагедија, која во реална смисла ја доврши босанскохерцеговската војна на сите против сите, симболички сепак кулмнираше со оној недвосмислен предлог за размена што неодамна можевме да го прочитаме од некој хрватски ѕид: вратите ни ги нашите Срби, еве ви ги назад вашите Херцеговци.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
Дали Крамб се продава добро? ?
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Грот: Што мислиш, дали Крамб ја најде својата среќна средина помеѓу идиличниот пуританизам и можноста ефективно да учествува во реалниот свет?
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Како задолжена за неговата врева во животот, Мајка влегуваше во библиотеката без некој поголем повод, водена од грижата во нејзината потсвест, за да си го врати мажа си, од тишината, во реалниот живот, во секојдневието на семејството.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Сум си го испланирала животот сѐ во реални детали: ќе завршам фармација, ќе станам аптекарка а секој сака да има барем познат ако не близок во аптека, за зло не требало.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Маркс и Енгелс ја прават оваа поента во Германската идеологија okno.mk | Margina #1 [1994] 29 кога го критикуваат Фоербах за менување на зборот “комунист”, кој во реалниот свет значи следбеник на една одредена револуционерна партија, во само една категорија” (Tucker 1978,167).
„МАРГИНА бр. 1“ (1994)
Она што е уште поважно за овој текст, бихевиоралната ВИ нема за цел да генерира внатрешен модел на светот, туку таа ги поставува своите животни-роботи во реалниот свет така што објективните карактеристики на околината можат да се користат како надворешна меморија.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Домот не е само засолниште, туку и место за комуникација во коешто можете да дефинирате барем некои правила и да се чувствувате безбедно. okno.mk 21 Инаку концептот за дом не би имал таков успех во програмите како Hyperkard и на Web, како и во IRL (во реалниот живот) - како сигурно место на кое можете да му се вратите.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Бидејќи самата оваа врска претставува некаков однос во реалниот свет разумно е да се претпостави дека постои некаков начин за изразување на карактерот и својствата на врската со помош на граматичките правила на јазикот.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Лифмановите правила (т.е. неговиот програм) за песочната дина ги повторува повеќето од силите што постојат во реалниот куп песок.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Создавањето територија тогаш би се состоело од симболички операции извршени од страна на овие репрезентации и дури подоцна применети како активности во реалниот свет.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Но, исказот „Цут рози во се црвени и пролет” е бесмислен во рамките на логичките правила (граматика) на обичниот македонски јазик затоа што не соодветствува на каква и да било состојба што може да се набљудува во реалниот свет.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Фантазијата е фина работа. Меѓутоа, некогаш толку многу знае да нѐ опседне, што забораваме како е да живееме во реалниот свет.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Но, во извесна смисла, суштествата кои живеат во реалниот свет мораат да бидат „комплетни”.
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)
Стивен Харнад, психолог, се залага за тоа дека Серловиот аргумент е исправен, дека виртуалните умови се само херменевтички претолкувања, и дека симболите мора да бидат втемелени во реалниот свет на предметите, не само во виртуелниот свет на интерпретациите.
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)
Како суштества во реалниот свет, ние мораме да донесуваме многу одлуки во рамките на извесни временски ограничувања.
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)
Враќањето во Палестина не беше лесен процес макар што Арафат успеа да ги најде храбрите, чесни и далекувидни Евреи, подготвени да живеат едни крај други со Палестинците.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Но недостигаа моќните институции кои враќањето, создавањето на палестинската држава ќе го претвореа во реален и издржлив процес, тој тешко можеше да се справи и со противниците на мирот од обете страни.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Емоционалниот карактер на виртуалната стварност е сосема поинаков од оној во реалниот свет.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Тоа отвора можности за парализираните луѓе, коишто би можеле во неа да го доживеат искуството на одење, што во реалниот свет им е оневозможено.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
А ако впива лоша енергија, тоа ќе ја намали (иако не значајно) количината на насилство во реалниот свет, бидејќи луѓето ќе можат да си ги исполнат насилните желби во виртуалноста во уште побрутален облик - без последици, зашто е тоа виртуален свет.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Бесмислено е да се изедначуваат. Но, одговори малиот човек, со тесни усни, зошто тогаш јас кој во сонот присуствував на вашите гадости како (по ваши зборови) измислена, нереална личност, сега се појавувам во реална личност, сега се појавувам во она што го нарекувате вистинска реалност и сведочам против вас.
„Младиот мајстор на играта“ од Александар Прокопиев (1983)
Беше јасно дека пакувањето со мраз не го даде посакуваниот ефект, и се испостави, дека дежурната сестра која што требаше да му даде шише виски немала поим што значи шише виски во реалниот свет и му дала виски во болничко шишенце кое го испил во една голтка.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Тоа воопшто не го фатило. Како и да е, беше премногу доцна за враќање.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Освен веќе споменатите дела, негова најчиста работа во тој домен е Театарскиот чин (1960), за 1-8 изведувачи, кој предвидува низа пропозиции кои наликуваат на игра (играта секогаш има општествен карактер!) низ која изведувачите треба да одберат работи кои потоа ќе ги фиксираат како улога, но така што улогата го отсликува нивниот статус во реалниот живот.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Исто така, еден вид театар, сличен на хепенингот, претставува музиката во која е тргната границата меѓу изведувачот и слушателот.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Тоа посебно се однесува на неговото сѐ поголемо ангажирање во решавањето на општествените проблеми што сѐ повеќе го одвлекуваше кон театарот кадешто сите работи се случуваат одеднаш.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Зошто во реалниот живот, гордоста, омразата, болката, неверствата се посилни од љубовта.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
А ,болката не умира, уништува, гори, претвора во пепел.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Со други зборови, Кејџ се обидува (и успева) да ја избрише разликата или дуализмот помеѓу уметноста и животот (старата дилема на уметникот помеѓу живеењето и творењето), со воведување на живот во уметноста и растопување на уметноста во реалниот процес на светот.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Не само што не може да се излезе од него, туку и во него, како и во реалниот живот, ништо не може да промени, нешто невидливо ја турка од едно страдање во друго.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)