Потоа испратил еден опширен извештај (од 28. IV 1899) до спомнатиот Шести конгрес на македонската емигрантска организација во Бугарија, во кои неточно се прикажувала ситуацијата во Револуционерната организација, се клеветат повидните нејзини раководители како луѓе проневерувачи на народни пари, насилствени собирачи на пари, клеветници итн., и се барало тие, особено д-р Татарчев, Ив. X.Никола и Ѓорче Петров да бидат отстранети од раководството на Организацијата.
„Солунските атентати 1903“
од Крсте Битоски
(2003)
И тогаш според неговата логика, требаше најмногу да се внимава во вителот на неизбежните војни, во создавањето на новата империја, во револуционерните вознеси на новите генерации во подем, кои на крајот се соочуваа со енигмата на владеењето!
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Доволно интерпретирав, почнувам да менувам. Доволоно тлеев во револуционерна криза, сега ја преземам власта.
„Одбрани драми“
од Горан Стефановски
(2008)
Се разбира само од себе оти тие со своето учество во револуционерните работи одеа во расчекор со интересите на Егзархијата; но, при сѐ тоа, тие беа бугарски чиновници.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
Истовремено населението ќе се кали во револуционерен дух, без да се изложува масовно“85.
„Солунските атентати 1903“
од Крсте Битоски
(2003)