А како да се формира, најпосле, ако не во однос на постојните општествени модели на родот и сексуалноста, отелотворени и во најраните старатели на детето и во родовите вредности што спаѓаат во културните вредности што тие старатели му ги изнесуваат на детето – а кои ги обликувале и нивните сопствени стилови на однесување и на емоционално изразување?
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Родовиот идентитет се обликува многу рано во животот на поединецот.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Ете зошто женственоста не ги исцрпува значењето и содржината на машките геј-културни практики.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
А, кога зборуваме за геј-порнографија, поуката што ја извлеков од Мелвил сега сјајно, иако не сакајќи, ја илустрира упадот на Крис Ворд од 2008 година во каубојското порно, До последниот маж (To the Last Man), „вестерновски еп“ во кој сижето е наточкано со низа драматични убиства – нешто ново во геј-порното – небаре ништо помалку од тоа не можело да ја гарантира машкоста на машките ликови кои на платното имаат секс еден со друг. (Ворд, меѓутоа, објавил и ненасилна верзија од филмот за оние поситничави или морално построги гледачи, кои си сакаат геј-сексот да им биде машки, но не баш до точка на убивање).250
Поларноста на настраниот сензибилитет и на сексуалната желба ги потсетува тие што учествуваат во машката геј-култура дека се неизбежно заплеткани во родовите вредности, еротски дихотомии и други општествени значења.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Убиство е токму она кон што ќе ве доведе целосното отсуство на кампот.
Истава поента одново ја изнесе Рајнер Марија Фасбиндер, во својата филмска адаптација на Керел (Querelle) од Жан Жене, роман што само оди чекор понатаму во трансформацијата на Мелвиловата приказна од морална порнографија во геј-порнографија.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Диференцијалното родово исцртување на културните облици го создава (хетеронормативниот) општествено-семиотски систем во кој учествуваат старателите на детето, систем што веќе придонел кон обликувањето на нивните сопствени субјективитети и кон утврдувањето на нивните лични стилови на чувствување и на однесување.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)