О Време, о Собитие!
Присуството завива ко жеден пес
растојанието се стеснува во секавични
контракции
нема каде да бегаш
се спрепнуваш од себеси
од другите, од драгите
- конечноста е вообичаено обележје
на овој свет -
сфаќаш, ама не вреди
- традицијата не е на преден план
за тебе.
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)
И тогаш врвот на штосниот палец, тежок како олово, се истегнува во секавичен јо-јо трик а невидливата нишка што го поврзува со раката на убиецот минува странично низ черепот на Ралфи, токму над веѓите, профучува угоре и пропаѓа, сечејќи го крушкастото торзо дијагонално од рамото до градниот кош.
„МАРГИНА бр. 19-20“
(1995)