Возвишеното одушевување за коешто сведочи таа слика воопшто не губи ништо со фактот дека ние сега знаеме на кој начин тие настани биле манипулирани (во крајна линија, тие имаа врска со ударот на тајната комунистичка по лиција, Секуритате, против самата себе, против својот сопствен означител; т.е. стариот апарат пре живеа менувајќи ја својата симболичка облека): за нас како и за најголемиот дел од учесниците, сето тоа стана видливо дури накнадно, но она навистина важно во тоа е што масите во Букурешт ја „доживуваа“ таа ситуација „отворена“, дека учествуваа во единствена меѓусостојба на премин од еден дискурс (на општествени врски) во друг, кога за еден краток, минлив час, стана видлива празнината во големиот Друг, во симболичкиот поредок.
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)