во (предл.) - сиромашен (прид.)

„Срамота е да бидеш богат во сиромашна држава и сиромав во богата држава”, но и во богатите држави веќе не беше ко порано.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
Ти си свесен за тоа. Сигурно си чул што се случува во сиромашните квартови од градот.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Бункерите во мигот ми изгледаат како гротескни и парадоксални монументи на масовното жртвување на еден цел народ во сиромашната и херметички затворена земја.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Забраната на дроги доведува до огромен број убиства и кражби во големите градови затоа што создава црн пазар на кој завојуваните дилери им наметнуваат сѐ поголеми цени на уживателите, кои пак од своја страна крадат за да можат да ги задоволат своите навики.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Со неа се поттикнува криминалот и во другите земји, доведува до појава на мафијашки организации, па дури и терористички акции кои ја загрозуваат нестабилната цивилна власт во сиромашните земји.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Тинејџерите во сиромашните квартови во земјата од седум – осум години тренираа некоја боречка вештина и фантазираа еден ден да ја облечат сината униформа.
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)
- Знам дека си роден во сиромашна куќа, во некој планински предел на Македонија, знам дека си го напуштил училиштето заради твоите идеи.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Кога живеете во сиромашниот Трет свет, а преку оградата е олицетворението на Првиот, со сите свои добра, кои нема да можете да си дозволите со вашата минималната плата?
„Простори на моќта“ од Зоран Попоски (2009)
5.1. Бордерхак (Borderhack) Што да правите кога сте од погрешната страна на границата?
„Простори на моќта“ од Зоран Попоски (2009)
Гладот повторно се всели во сиромашни­те семејства, а малку имаше кои не беа такви.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Коски од кременадли во богатите куќи, салата и корки од портокали во сиромашните.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)