Франц не се сврте и само одмавна досадливо со рамото. Тој пак си потона во слатка пијанска замисленост.
„Послание“
од Блаже Конески
(2008)
Под звуците на неговата волшебна виолина тонат во сладок дремеж бубачките, пеперутките, шареноглавите цветчиња и сиот мирен полски свет.
„Било едно дете“
од Глигор Поповски
(1959)
Спиеше будно. Таа будност беше помешана со длабок занец во слаткиот сон. Неверојатно!
„Ветришта“
од Радојка Трајанова
(2008)
Имаше нешто толку топло и нежно во маминиот глас и така слатко приспивно, и јас заборавав на сите задачи од математика, на сите домашни и заедно со Ели се занесував во сладок сон.
„Друга мајка“
од Драгица Најческа
(1979)
Навлегува во тремот ги мати прозорците дворот го загушува пудејќи ги изненадените птици занесени во слатката прелага на сонцето.
„Липа“
од Матеја Матевски
(1980)
Единствено свесен за разбудената слатка возбуда што ќе му се враќа и ќе му го обземе телото раздробувајќи му го во слатки морници секогаш кога на тоа ќе се сетеше.
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)
Стариот да си се истегне дома на мекиот широк миндер и да потоне во слатка дремка.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
2. Потоа лесно ни беше да ја допреме длабочината, дното и сѐ што се криеше во слаткиот мирис на водата.
„Чекајќи го ангелот“
од Милчо Мисоски
(1991)
Бранот ми ја донесува очекуваната, сепак ненадејна слика – и додека се препознавам во неа, јас знам дека си играм, играм и уживам во слатката несовршеност на постоењето.
„Пловидба кон југ“
од Александар Прокопиев
(1987)
Лицето му се подмлади, забите станаа побели и посветкави, и тој, во сладок занес, ги склопи очите, свечено носејќи ја во себе скриената болка.
„Кловнови и луѓе“
од Славко Јаневски
(1956)
Во тој миг да ни кажеше некој дека тоа е нашиот последен миг на земјата, а дека потоа зад нас нема да остане никаква трага, тоа немаше да нѐ оттргне од нашиот занес, затоа што верувавме дека она што е меѓу нас, она што од нас двајцата прави едно, е вечно, и дека, ако ни биде одземена материјата, сепак ќе продолжиме онаму каде што силите на природата и законите на трошноста и минливоста немаат моќ, и каде што човечката душа е посилна од сите небесни тела, затоа што тие се осудени еден ден, милиони години по својата креација, да згинат, а она парче душа во кое се вткаени нашиот занес и копнеж ќе трае и кога од сета материја на универзумот нема да остане ниту прашинка.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Нашите усни се допреа, и тогаш јас ги затворив очите, а во слаткиот допир на нашите јазици почувствував нешто како ветување дека таа слаткост вечно ќе трае.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
- Јагулите се вртеа во круг. Не стигнуваа во одреденото време во слатките води, во реките и езерата, за да ја продолжат праисконската мисија на животот и смртта. Ниту се враќаа јагулите кон морињата.
„Патот на јагулите“
од Луан Старова
(2000)