Таму во Ташкент не престанавме да се прашуваме зошто тие по излегувањето од Сибир, не најдоа храброст да се појават пред поранешните борци, сега работници во советските заводи, во фабриките на Чехословачка, Унгарија, Романија и во Полска?
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
А кој човек може да си наметне ваква самодисциплина, кога секој трча да види сè што е ново: општата глетка на најмодернистичките архитектонски решенија на павилјоните, тоа што во нив е прикажано, спутникот во советскиот павилјон, електронскиот мозок во американскиот.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
Конечно, ова истражување со своите резултати отвора низа прашања што ги надминуваат рамките и укажуваат на понатамошните врски: Дали националсоцијалистичката уметничка политика претставува узор за процесите на тоталитарна уметничка политика (напоредно истражување: Улогата на футуризмот во Италија на Mussolini и во Советскиот Сојуз до 1932)?
„МАРГИНА бр. 35“
(1997)
Признајте што сте и доста ме гњавите! - рече службеничката овојпат обраќајќи ѝ се на опашката, токму како во советските прирачници за тоталитарен бонтон.
„МАРГИНА бр. 8-9“
(1994)
Во спокој ќе живее сѐ до времето кога во Тирана ќе биде фрлена бомба во советската амбасада.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
Наивните и натаму веруваа во чуда. И покрај логорите на смртта, депортациите, Гулазите, на Балканот уште се веруваше во советскиот комунизам.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)