во (предл.) - современ (прид.)

Маргина 37 43 Секако ова не значи дека филозофијата не вложува напори да ја надмине „метафизичката конструкција“ што Декарт и следбениците така „цврсто“ ја изградија.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Всушност, најголемиот дел од правците во современата филозофија, кога станува збор за односот меѓу духот и телото, се насочени кон обидите да се реши или делумно надмине проблемот што постои.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Додека во светот на Андриќ и на Селимовиќ е доминантно настојувањето да се даде, меѓу другото, една можна слика на историјата, на епохите, на конкретниот простор (Андриќ), или под маската на историскиот настан, вечните теми на судир на поединецот, на општеството, на политиката и етиката, парадигматично да се вклучат во современиот контекст (Селимовиќ), Башевски ги поврзува историјата и современото, ставајќи ги двата поима под сомнение како конечно неспознатливи во својата интеракција.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Веќе израсната во современ град, со широки улици и со нови станбени блокови, Пловдив, во овие јунски дни, изгледа подмладен во зеленилото на своите паркови и разновидни градини.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Обата става често се сретнуваат во современите расправи за сé помногубројните иновативни текстови.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
Се смета за еден од најоригиналните прозни творци во современата американска литература, кој се “движи на работ меѓу стварноста и кошмарот, користејќи го надреализмот како форма за да ги дофати мрачните страни на американските разбирања”.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
10 О Хошано! – „О, Спаси!” обред во кој седмиот ден на празникот Сукот верниците со врбови гранчиња во рацете го обиколувале жртвеникот на ерусалимскиот храм, како впрочем и верниците во современите синагоги барајќи го божјото спасение
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Тоа е еден атавизам што во современа Германија доби нова ирационална идеолошка обнова.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
А Окован настојувам да се движам Не знам зошто утрово одново ме опседнува прашањето за Орфеј и Исус во современата македонска поезија.
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)
Она што е исклучително важно, и во песните во кои првпат се пее за нешто за што не се пеело досега, се препознава типичната матрица на т.н. антеовска песна, еден од најбележитите и најзнаменитите певови во современата македонска поезија.
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)
Веќе и самиот рудолфински кружок бил составен необично: во друштвото на маниристичкиот цар кој што дел од својата младост минал на мадридскиот двор на Филип II, освен Арчимболди, ги сретнуваме Џовани да Болоња (скулптор), Венцел Јамницер (славен гравер), Бартоломаус Спрангер (сликар од Антверпен познат по прикажувањата на голи осуденици на смрт во доцноромантичарски стил), Ханс и Филип де Монте (водечки претставници, покрај Лас и Пелестрина, на доцноренесансната полифона музика), Адриан де Врис, Кеплер, Брахе, Антониот Абондо (изработувач на медали), портретистот Николас де Нојшател, потоа разни трговци со уметнички дела, колекционери, врвни занаетчии - еден, во секој поглед, космополитски собир. (...) Не е чудно што народот во Прага набрзо почнал да зборува дека Рудолф II е во врска со ѓаволот, токму како во легендите за Фауст од времето на доцната ренесанса, како во Гетеовиот Фауст, како во Мановиот Фаустус кој се надева дека со стекнатото знаење ќе се стекне со една нова, крајна и спасоносна формула... Margina #26-28 [1995] | okno.mk 223 okno.mk | Margina #26-28 [1995] 224 Margina #26-28 [1995] | okno.mk 225 Необичниот гроф Арчимболди Арчимболди пред скоро време повторно е откриен и претворен во настан во современите луксузни галерии, а за неговите слики (портретите составени од животни, на пример) се плаќаат баснословни суми.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Рудолф од тронот е истеран од роднини, токму како во современите драми на Шекспир.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Не се работи за описи на градовите туку за симболички печат на урбофилијата којшто во современата книжевност непогрешиво се чувствува во непрегледната низа на големи писатели - кај Џојс, Пруст, Музил, Кафка, Бели, Симон, Ман, Вирџинија Вулф, Брох, Рилке, Дарел, Борхес, Калвино, Фаулс, Еко, Криста Волф, Буцати, Пинчон... (На поинаков начин урбофилијата ја обележа и мислата за книжевноста - на Адорно, Блох, Сартр, Башлар, Барт, Дерида, Фуко, Лакан, Лиотар, Бодријар, Слотердајк...) Урбофилијата ги соединува книжевните градови во еден урбопоетички свет на Лондон, Даблин, Рим, Петроград, Александрија, Париз, Виена, Берлин...
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
За својата татковска болка не признаваше никаков специјалист и никого не викаше ни за консултант ни напомош; оти, кој ќе му кажеше дека и во современиот свет е редно синот да умре пред таткото?
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Првпат во животот го спомна името на бога со големо Б, зашто му се врати во сеќавањето дедо му кога го спомнуваше Него, тврдејќи дека Господ оставил ред на земјата, Еден од тие господови редови беше татковците да умираат пред синовите, а не обратно - како што се случува во современиот испревртен свет.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Злосторствата како предодреде­ ности, женското сојузништво и заговорите, биолошката зададеност, искористувањето на животните, некрофилијата, хиерархијата на протаго­нистите по пат на физичките (и физиолошки) особини, шифрираното обележу­вање со бои - сето тоа е дел од една опширна програма, Таквите фигури и барокната драматичност на сликите создадени под влијание на европското илузионистичко сликарство демонстрираат една доследност ретка во современиот авторски филм.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Симон Дракул, Ташко Георгиевски, Ката Мисиркова, Петар Ширилов, Божин Павловски, Димитар Башевски, Трајан Петровски, Живко Чинго, и сите други неспоменати овде, кои го следеа во нашата литература тој процес, сите тие горчливи австралиски патеписи, сите тие кенгурски скокови и вестаустовски стории, сите тие вагони врз глувите колосеци што чекаа да не однесат безнадежно кон некои рамни земји и далечни континенти, сите тие литературни зафати во современата наша литература како да се продолжеток на една тематска врвица што ја започна Стојан Христов во литературата со евидентен успех.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Стојан Христов ја раскажува својата лична приказна со едноставност и интима, со понизност и со висока моќ на памтење, со исклучителна особеност и трогателност, нешта кои што на оваа книга ѝ даваат посебно значење и ѝ обезбедуваат високо место во современата автобиографија.”
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Не ни помислував кога почнав да го гледам спроведувањето на терапијата како разговорна активност, дека тоа ќе ме доведе до задлабочување во современата философија (de Shazer, 1991).
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Ова, исто така, било скриено на површината на нештата додека терапевтите, под влијание на нивните научни рамки бараа нешто длабоко и скриено.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
А токму такво чувство можеби машката геј-култура им предизвикува и на многумина геј-мажи, како и на многумина стрејт-луѓе, кои учествуваат во таа култура. (Значи Фелоус не греши сосема кога машките геј-практики ги толкува како женствени.) Но тоа не мора да покажува дека геј-мажите спаѓаат во трет или меѓупоставен пол, дека имаат различна биологија или психологија од стрејт-мажите, ниту дека имаат некоја посебна, суштинска, архетипска природа.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Па, тогаш, разбирливо е што машките геј-културни практики – кои за мажите промовираат и шират нестандардни начини на суштествување и чувствување, кои прекодираат парчиња од главнотековната хетеросексуална култура со дисидентски или со нетипични родови значења и кои ги подучуваат другите на тој општествено девијантен и опозициски етос – велам, навистина е разбирливо што таквите практики може да направат да изгледа дека геј-мажите имаат својства и одлики што општо земено ги имаат девојките и жените.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Веќе имав вложено извесни напори да си ги изградам сопствените вкусови, за кои сметав дека се посебни и кои, според мене, го изразуваа мојот особен однос кон мојот историски миг, кои ги изразуваа мојата избрана припадност на одредени движења и стилови во современата уметност и култура и моите политички вредности.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Меѓутоа, геј-режисерот Исак Џулиен, во својот сјаен краток филм Настојникот (The Attendant, 1993), без колебање ги испитува историјата на ропството, нејзиното претставување и нејзиниот поживот во современа Британија така што режира меѓурасни геј-садо-мазохистички сцени во музејот Вилберфорс хаус, установа што се наоѓа во градот Хал, во која се слави животот и делото на борецот за укинување на ропството Вилијам Вилберфорс и во која се наоѓаат некои од највеличаните уметнички предмети создадени од аболиционистичкото движење во деветнаесеттиот век.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Ни оддалеку не се изумрени – како што ќе ви посведочи секој што бил на дрег-претстава или што го гледал филмот на Педро Алмодовар Сѐ за мајка ми од 1999 година, кој сјадрува една цела традиција на културното размислување на геј-мажите за своите односи кон женственоста и кон ликот на мајката.356 Но, денес ниту еден геј-маж што држи до себе не сака да се осврнува на тие теми, освен во штос или ако треба некому да му спушти.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Но проектот на мојот предмет и на оваа книга е во согласност со неговиот во смисла на костецот со историските трендови што се одговорни за претворањето на машката геј-култура во траен срам за геј-мажите – и кои тоа го прават така што геј-културата ја конституираат како вродено назадна, архаична, немажествена, несексуална, а со тоа и непретоплива во современиот, нормативен геј-идентитет.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Една од причините поради кои првенствено ја избрав Џоан Крафорд и што решив да го проучувам фрапантниот спектакл на измешани гламурозност и абјектност кој го приредува, и во Милдред Пирс и во тоа што произлегло понатаму, е тоа што нејзината гејска привлечност нѐ тера да се соочиме со два ноторни аспекта на машкиот геј-субјективитет кои ги прават денешните геј-мажи особено гадливи – па затоа и особено ненаклонети да ги истражуваат: имено, идентификацијата со жените и приврзаноста кон мајката.355 Овие две теми се и средишни и табу во современата машка геј-култура.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Во нејзината критика на философијата и нејзината прелиминарна концептуализација на женската философија, Холанд прави обид за критика и промена на она што се смета за философија, врз основа на делото на феминистичките okno.mk | Margina #1 [1994] 39 теоретичари и философи кои што делуваат во современата континентална традиција, философи чие дело обезбедува некаков концептуален простор кој ја дозволува можноста на женското искуство.
„МАРГИНА бр. 1“ (1994)
Истакнато е и сведувањето на човекот (од страна на идеологијата) на homo rationis - суштество чии судови и одлуки се секогаш добро промислени, од што следи и барањето на идеологијата за одговорност на поединецот за неговите судови и одлуки.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Таа двозначност пак, исчезнувала во тек на понатамошниот развој на јазикот, а барем во староегипетскиот можат да се следат сите премини до 55 еднозначноста во современото јазично богатство.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
На крајот, низ призмата на митот како нешто што им е заедничко на идеологијата и науката, разгледан е односот на поединецот кон нив: “Односот на поединецот спрема идеологијата е како однос спрема мит, слично или идентично како што во современата епоха науката е мит за човекот”.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Времето брзо минуваше, а пред Татко испишаната грамада од хартија, речници и други книги не престануваше да се зголемува.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Татко како добар познавач на турската османица, но и на современиот турски јазик, заклучи: Во современиот турски јазик, тотално реформиран од револуцијата на Мустафа Кемал Ататурк и зборот бакшиш ќе се најде посредно под ударот на промените, со употребата на зборот bah подарок, дар, простување!
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Полето за развој на графетичките проучувања е широко со оглед на бројот на варијациите во графичкото изразување во современите јазици, но и низ целата историја на писмото.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
9 Robert Longo НАЦИОНАЛИЗАМ Отворени прашања 10 okno.mk Seyla Benhabib фундаментите на национализмот Поимите „есенцијализам” и „конструктивизам” означуваат широк распон на теориски стојалишта во современата политика на идентитет/диференција, но често се сведуваат на делумно поедноставени категории.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Се чини дека токму тоа се случува во современа Турција каде што доминантната идеологија на кемализмот паѓа во немилост и каде што новите и конкурентни колективни истории бучно бараат да го исполнат нејзиното место.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Модерни логограми Овие симболи се во широка употреба во современите пишувани јазици.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Ако се има предвид само застапениот корпус на раскази и ако се занемарат развојните тенденции на раскажувачката проза во современата македонска литература, како генерален впечаток се наметнува сознанието дека кај постарата генерација раскажувачи е присутна една по малку носталгично - сентиментална нота во сликањето на градот и една особена привлечност (дури би можело да се рече и опседнатост) од оној „друг” град исчезнат во природната стихија 1963-та, што не важи за помладите автори.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
Иако внатре во современите сфаќања за правото сè повеќе правна за­штита се доделува на природата и, посебно, на животните, јасно е дека човечкиот субјект сè уште е сфатен како доминантен носител на правото.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
Во современиот живот карневалската култура е преместена од маргините во центарот.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Славој Жижек ТРИЕСЕТ И И ДЕВЕТТЕ СКАЛИЛА Бидејќи „39 скалила” бил снимен според познатиот роман на John Buchan, сценаристи­те под раководство на Хичкок неговата содржина толку успешно ја преправиле, што ликовите и доживувањата од Хичкоковата верзија станале такви, што во современата „популарна култура” го добиле така да се рече „архетипскиот”, митски статус и со тоа станале извор за непрегледното мноштво на варијации и плагијати; меѓутоа, самиот роман, ако денес го разгледуваме, делува наивно и застарено - нешто како груб материјал на кој што дури Хичкок му го дал дефинитивниот облик.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Во Британија годишниот циклус се состои од два дела.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Кога започнував како млад директор на музеј, го барав најголемиот од сите во современата уметност.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
За тестирање на ТВ спотови во САД се користи методата “симулирана ТВ мрежа”: испитаникот добива далечински управувач на кој се испишани кратенките на трите најголеми американски ТВ мрежи: NBC, CBC и ABC.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Тестирање Во градот Инглвуд (Њу Џерси, САД) се наоѓа седиштето на корпорацијата Pre Testing Company, водечката американска компанија за тестирање на сите видови креативни решенија за економската пропаганда.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Кој е Јозеф Бојс за вас? Harald Szeemann: Јас сум роден во 30-тите; Бојс во 1921.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Секогаш бев многу чувствителен кон неговата визија, бидејќи откако ја открив Планината на Вистината, единствена локација во Швајцарија и воопшто во Европа, постојано се интересирам за историјата на визионерите.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Во развиеното конкурентско окружување во современиот пазар само ретките и храбрите непромислено се обидуваат да емитуваат телевизиски или радио спот, да објават печатен оглас, да постават пропагандно пано на автопат, да лансираат нов дизајн на амбалажата - а претходно да не извршат тестирање на креативните решенија.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Тоа е добра појдовна точка за истражување која им дава живот на теоретските дебати.
„Простори на моќта“ од Зоран Попоски (2009)
Истражувањето нѐ потсетува дека сеприсутната реторика на ’глобализацијата’ и нејзиното навидум непостоење на граници често служи да се затскрие постоењето, како и политичкото значење, на границите во современите геополитички конфигурации.
„Простори на моќта“ од Зоран Попоски (2009)
Како резултат, современиот урбан јавен простор – заснован врз премисите на ред, надзор, контрола и профитабилна употреба – е хибрид од намалено политичко претставување и зголемен комерцијален интерес.
„Простори на моќта“ од Зоран Попоски (2009)
За разлика од агората која истовремено е место и на трговијата и на политиката, во современи услови политиката е речиси прогната од јавниот простор на сметка на пазарот.
„Простори на моќта“ од Зоран Попоски (2009)
б) Како што е секаде во современиот свет и во Кочани ќе се гради фабрика за вода за пиење.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Но само еден месец подоцна, институционалните противници на ОСС им нанеле уште еден удар на обидите на Донован за единствена организација.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Несомнено, промената на името во ОСС претставувало напуштање на „белата“ пропагандна мисија, но истовремено тоа претставувало и реализирање на желбата на Донован за име што ќе го покажува неговото чувство за „стратегиската“ важност на разузнавачката служба и на тајните операции во современата војна.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Латиноамериканските писатели како што се Гарсија Маркес, Карлос Фуентас, Ернесто Сабато, Варгас Qоса и други, го признаа својот долг кон Борхес по повод прашањето на јазикот, каков што шпанската литература немала пред него.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Беше тоа лекција за самото пишување, за ставот.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Хулио Кортасар најдобро ја сосредоточува големината на тој долг: „Големата лекција на која нѐ научи Борхес“, рече Кортасар, „не беше лекција за темите, содржината или техниката.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Таков е и ставот на Апдајк: „Колку и иронично и богохулно да изгледа Борхесовата скриена порака“, вели тој, „составот и методата на неговите остварувања, иако никако не можат да се доловат со имитирање, одговараат на длабоката потреба во современата проза - потребата да се признае итрината.“
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)