Мама го натопи тампонот во сребрената пудриера, а креонот и сенките мораа да го осомничат овој лик: таа сцена на бесконечна љубов.
„МАРГИНА бр. 36“
(1997)
И кога се околу вас молчи, слушнете ја убавата музика на надежта, ништо не е невозможно, во секое утро, во сребрената нишка на зракот повторно се раѓате.
„Жонглирање со животот во слободен пад“
од Сара Трајковска
(2012)
Треперливо чекориме по звуците на харфата, секоја нота ни го разигрува срцето, шепот ја ослободува душата и ја праќа блиску до ѕвездите.
„Жонглирање со животот во слободен пад“
од Сара Трајковска
(2012)
- Опа! - одврати Томо - Тоа му доаѓа како свадба во сребрена свадба.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Ронат во сребрени облаци.
„Две Марии“
од Славко Јаневски
(1956)
„Зборувам за својот роденден. Денес се родив во сребрена табакера. Со твоето неочекувано доаѓање во крчмата.“
„Две Марии“
од Славко Јаневски
(1956)
Таа му се насмевна, го сврте прекинувачот што ѝ беше на дофат, ја изгаси електриката и големата спална соба со висок плафон се обои во сребрени сенки што ги црташе месечината протната низ дрвените жалузини и дебелите прозорски стакла.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
Заблескотеа елите, боровите накитени во сребрено – снежни лампиони.
„Авантурите на Дедо Мраз“
од Ристо Давчевски
(1997)
Раскажа како растат печурките во сребрената ноќ по дождот.
„Посегање по чудесното“
од Србо Ивановски
(2008)
Нивните крлушки блескаа на сонцето во сребрена боја.
„Волшебното самарче“
од Ванчо Николески
(1967)