Откривајќи ги битолските кадиски сиџили, сведоштвата за долговечната отоманска историја во средишниот дел на Балканот, Татко имаше чувство дека исполнува нечиј завет... XXII Татко им се врати на сиџилите во битолскиот вакаф.
„Тврдина од пепел“
од Луан Старова
(2002)
Мајка, кога ќе останеше сама, продолжуваше упорно да ги чита светите книги кои беа наредени во средишниот рафт на библиотеката.
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
Од таму директно се влегува во средишниот салон, резервиран за големите, а ние, децата, по десетина минути послушност, едвај дочекуваме да се „повлечеме“ во детската соба.
„Човекот со четири часовници“
од Александар Прокопиев
(2003)
А тоа да ви беше уште пред речиси три децении; слаткиот реганист клубџија, да преживееше, сега ќе ја имаше заминато педесеттата.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
На крајот на краиштата, Џуди Гарланд баш и не ѝ беше некоја икона на мојата генерација.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Уште од 1970-тите, како што веќе видовме, геј-мажите си прават генерациски споредби во своја полза помеѓу убаво приспособените геј-тинејџери или луѓето по дваесет и некоја година, кои немаат потреба од геј-култура, и оние, постарине кралици што ѝ се фанатично приврзани.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Особено духовит и резок, но инаку сосема типичен, пример за оваа спротивност може да се види во средишниот, програмски разговор меѓу Ник (кого го игра Стив Бушеми) и Питер (Адам Нејтан) во филмот на Бил Шервуд од 1986 г.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Во средишната република, која се смета за најмешана, и верски и етнички, пресметката со козите и козарите била најжестока.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Во времето кога Мајка ги дочитуваше Татковите и своите книги, посебно книгите за животот на Мајка Тереза, во северниот и во средишниот Балкан пламна братоубиствена војна.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)