Навистина, во строга смисла, можно е да се дешифрираат непознатите знаци, но ова секогаш претпоставува едно стекнато знаење, една мисла која веќе е формирана по пат на употребата на зборовите.
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
Тој зборува единствено со посредство на еден јазик кој го обезбедува не само фонетското изразување на знаците, туку и формулацијата на аксиомите кои овозможуваат да се определи вредноста на овие знаци.
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
За овие проблеми, спореди и G-G. Granger, Pensée formelle et sciences de l’homme, p. 38 sq.. и особено pp. 43 i 50 sq. ( за Renversement des rapports de la langue orale et de l’écriture). 2).
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
Таа, водата, впрочем како и сѐ друго во Потковицата, беше во строга економија на главите на домаќинствата и на сите од Потковицата. Особено во лето.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Човек уште во темни зори можеше да види купови садови за вода (стомни, букари, котли, лонци, грнци, кобли, тенеќии) околу чешмите и во дворовите на домаќинствата стопани на бунари со добра вода.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Се мора да се одвива во строга тајна.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Се наоѓа, речиси, во строгиот центар.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
Тоа е во строгиот центар, заобиколен со банки, на тивко место, подалеку од движењето, од градската бучава.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
Шишман со стравопочит веднаш се загледа во строгиот изглед на неговата капа што како добро куче стоеше на масата пред офицерот, поткрената на фурашката како на предните нозе.
„Будалетинки“
од Мето Јовановски
(1973)
Таксистот го остави во строгиот центар.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Уморен, броејќи ги чекорите тешко се влечкаше како претепан пес кон трошното куќарче, пикнато во строгиот центар на градот.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Контактите со нив Илона ги имаше извршено во строга дискреција.
„Полицајка в кревет“
од Веле Смилевски
(2012)
Покуќнината полустаровремска. Сѐ е во строг ред и чистота.
„Чорбаџи Теодос“
од Васил Иљоски
(1937)
Мојата намера беше да го употребам во строгата, тредиционална, Европска смисла.
„МАРГИНА бр. 17-18“
(1995)
Во својот изворен претстоунволски општествен и парадигматски контекст, како што го опишува Естер Њутн, кампот се појавил како оружје што машката геј-култура си го справила во еден очајнички, ако не и јуначки напор да ѝ се опре на моќта на убавината.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Кампот и убавината дејствуваат во строг меѓусебен сооднос, а кампот најдобро се разбира кога се гледа во тој односен контекст – како начин на машката геј-култура да се обиде да се одопие од сопствената еротска и естетска страст кон мажествената убавина.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Разбираше дека во Германија притисокот врз Евреите од шлагер на острастените национал-социјалисти, брзо се преобразуваше во строг марш врз судбините на неаријците врз кои се преземаа актите на сѐ поизразено државно насилие, но не разбираше што Софија има со тоа, особено зашто во германскиот модел меѓу неаријците се подразбираа Бугарите меѓу другите Словени.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
Така сѐ повеќе наидуваме на уметнички дела, ликовни или музички, кои во строга смисла не се ниту слики ниту музика.
„МАРГИНА бр. 10“
(1997)
На Мајка ѝ придојдоа солзи. Во мислите ѝ прелетаа годините кога дојде во Татковото патријархално семејство во кое сè уште се живееше во строга заедница.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)