Ова, праша првиот офицер допирајќи едно црно огледало во сјајна месингана рамка врз која имаше многу поделби, агли и степени.
„МАРГИНА бр. 26-28“
(1996)
Тие богобојажливо и со отворени очи гледале во сјајниот гулаб и молитви кажувале тивко и шепотно, не баре со свои очи го гледале, Светиот Дух.
„Захариј и други раскази“
од Михаил Ренџов
(2004)
А кога стивна бојот и кога виде морето како ги исфрла мртви неговите војници на брегот тој извика: на убаво место им е гробот и на најбезнадежно: под нив морето – над нив Елада, во сјајна бела кошула, сончев хиероглиф од крикови, зашто смртта е само обид да се заобиколат залудноста и заборавот!
„Ненасловена“
од Анте Поповски
(1988)
Сите гледавме стрештено во Филозофот. Очите на Лествичникот засветеа во сјајна злоба, и рече: „Во зборот логотет гласот т двапати се јавува; тоа значи ли дека господарот наш суров е и лош?“
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Трогнат, сепак не можев, во сјајните очи на мојот стар пријател да не ја забележам познатата искра потсмевливост.
„Пловидба кон југ“
од Александар Прокопиев
(1987)
Долу на огромните подиуми за игра се туркаат стотици - не, илјадници - млади мажи, дури момчиња, облечени во сјајни оклопни одела и со избричени глави.
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)
На огромните видео екрани одат морничави снимки од природни катастрофи и слично.
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)
Таа порака, пристигната на островот во тие негови нови трагични денови, на Закинтјани им значеше повеќе од сè.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
Исправен, горд и посветен на службата, облечен во сјајните високосвештенички облеки, со крстот и двете панагли на градите и црната пана-камилавка, го потсетуваше на оние денови кога ист таков, застануваше пред германските команданти им делеше лекции од највисока, сега му се чинеше дури небесна етика. За митрополитот Хрисостом пак, градоначалникот Лука Карер беше олицетворение на моралот.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
Со своите долги, темни раце што брзо се движеа тој садеше, натапкуваше и прицврстуваше, сечеше, подрежуваше, со црното лице секогаш свртено кон земјата, со очите секогаш вперени во она што го работеше, кои никогаш не ги подигаше кон небото, и никогаш не гледаше во мене, па дури ни во Мама, освен ако не клекневме крај него, чувствувајќи како влажната земја ни продира низ панталоните кај колената и ги стававме рацете во црната нечистотија, не гледајќи во сјајното, лудо небо.
„Лек против меланхолија“
од Реј Бредбери
(1994)
Еј, бисеру - Киев! Немирно си место!.. Но тоа е, впрочем, мечтаење, самрак, спомен...
„МАРГИНА бр. 29-31“
(1996)
Преку ден, во сјајната сончева светлина, во прекрасните паркови на падините владее големо спокојство.
„МАРГИНА бр. 29-31“
(1996)