И на сите тие деца, до вчера безимени, имињата им се печатат во телефонски именик.
„Најголемиот континент“
од Славко Јаневски
(1969)
И Џеки и Џими се натпреваруваат - татковците и стриковците во телефонски слушалки дуваат, да соопштат вјасаат - ако владите не ги разбудат децата нема за нив да гласаат.
„Најголемиот континент“
од Славко Јаневски
(1969)
Можноста за коинциденција, како во телефонскиот именик овој пат не постоеше.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
За волја на вистината, Рада прво ги побара во телефонскиот именик.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Во телефонските линии се мешаше звукот на сирената за воздушна тревога со името на козметичката дребулија што треба да ѝ се прати, козметиката е страшно скапа, една крема за лице е четвртина од мојата пензија, зборуваше мајка ми и плачеше малку од страв, малку од пониженост, малку од возбуденост.
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)
Ги склопи очите и ги виде сите бројки - соседи: се стискаат во телефонска кабина а црната слушалка шушкаво го впива неговиот здив.
„Месечар“
од Славко Јаневски
(1959)
4. Ако доброто почна да бега и од него зашто тогаш не му рекоа обвинет си дека си луд, смртна опасност си за луѓето, дојди на испитување, болницата се наоѓа таму и таму, бројот на телефонот е во телефонскиот именик, туку дојдоа како ураган, обајцата - горила со ниски, безгрижни чела и зелени подочни кеси, обајцата колку тројца како што беше тој, набрекнати, сити рамнодушни за сѐ, дури и за себе, ни толку умни за да бидат некогаш луди.
„Месечар“
од Славко Јаневски
(1959)
Досега сме двајца, си повторуваше Едо, минувајќи на следниот град во телефонскиот именик.
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)
„Моето име во телефонски именик на Сан Диего во Калифорнија!“
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)
Едо беше толку возбуден од тоа што себеси се најде во телефонската книга на Сан Диего и задоволен со тоа што најде блок каков што несвесно барал можеби сиве овие години откако не пишува.
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)
Сега во телефонската говорница, ја фати през половина, ѝ ја поткрена блузата над папокот и веќе на голо ја имаше меѓу дланките.
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)
Реши прво да се справи со тоа што го има в раце: адресата на Едо Бранов од Струмица што тој ја најде во телефонскиот именик.
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)
Откако ќе го исклучам телефонот, ќе ми ја пронајде адресата во телефонскиот именик, и ќе ми се нацрта пред станот... ...
„Или“
од Александар Прокопиев
(1987)
Елена сакаше што побрзо да им каже за убавите вести што ѝ ги кажа лекарот во телефонскиот разговор. Кога слушнаа, сите се развеселија.
„Омраза - длабоко“
од Драгица Најческа
(1998)
Како одблесок се нижат деновите и ние се враќаме со мислите на боиштата, во туѓината, се враќаме во тоа наше постоење таму и тука, во нашето вчера и денес и не поткачува прашањето – а утре чија слика ќе се појави во весниците и чие име ќе го слушнеш во телефонската слушалка?...
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
Како да телефонираме кога во телефонската говорница нема телефон. Нема ништо дури, ни жици! Сѐ е кренато, сѐ е откорнато...
„Добри мои, добар ден“
од Глигор Поповски
(1983)
Го има само уште во телефонските говорници во американските филмови, каде што типчиња со слаба меморија, за еден единствен број, кинат страница од цела населба.
„Три напред три назад“
од Јовица Ивановски
(2004)